ЗХГ
ЗОШТО ДЕПОНИИТЕ НЕ СЕ РЕШЕНИЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ?

ЗОШТО ДЕПОНИИТЕ НЕ СЕ РЕШЕНИЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ?

Развиените земји или веќе ги имаат затворено депониите или бараат начин како да престанат со депонирање отпад, а тука непрекинато се зборува за отворање нови регионални депонии. Во 4 точки следи кратко објаснување како треба Македонија да се справи со отпадот и кои се градовите во светот кои најдобро управуваат со отпад:

1. Од вкупниот отпад, најголемиот процент во МК отпаѓа на биоотпадот – од 60% до 80%

Затоа, треба да се направат компостари за биоотпад од затворен тип во секое маало што ќе бидат достапни за секое домаќинство и на тој начин ќе се елиминираат трошоци за превоз и за депонирање, а и ќе се елиминира загадувањето на почвата, водите и воздухот. Селекцијата е неопходно да се одвива на највисоко можно ниво за да се елиминира најголемиот процент од отпадот.

2. Индустриски капацитети

Да се отворат индустриски капацитети (во сопственост на градовите/државата) кои со механичка обработка ќе претвораат шут во репроматеријал, наместо да се трошат непотребни средства за правење депонии и управување со нив.

3. Селекција на отпад

Да се воспостави систем и капацитети за селектирање/рециклирање на пластика/лименки, и хартија (во сопственост на градовите/државата), како и капацитети за преработување на стар мебел.

4. Едукација и регулатива

а) Постепено со помош на регулативата да се забранува употреба на пластични кеси/пластична амбалажа;


б) Едукацијата мора да биде и формална и неформална и мора да ѝ се даде силен акцент во комбинација со практична (волонтерска) работа на терен. На пример, Загреб има проблем со управувањето на отпадот. Нивните експерти разгледуваат опции со кои ќе се „заменат“ депониите. Во Загреб моментално има депонија (која ветиле дека ќе ја затворат и ќе преминат на сортирање и рециклирање).

Како градовите со најдоброто управување со отпад во светот го рециклираат своето ѓубре? На чело на листата е:

ЛИДС, Велика Британија

*Лидс (Јоркшир) во Велика Британија, кој во моментов рециклира околу 40% од отпадот собран од неговите 346,000 домаќинства годишно. Зошто е уникатен системот за рециклирање во Јоркшир? Кога ќе се спореди со остатокот од Велика Британија, неговата услуга за управување со отпад е на самите улици. Биле поставени 186 пунктови за рециклирање низ градот во кои се собрале 1,2 милиони чаши за кафе, 160.000 пластични шишиња и 140.000 конзерви.Со оваа мерка тројно се зголемил бројот на луѓе кои рециклираат во центарот на градот, од 17% на 49%. Од 2018 година, Лидс е дом на еколошката организација Hubbub’s Leeds By Example, проект за рециклирање. Како дел од проектот, Hubbub создаде bubble-blowing bins и машини „рециклирај за награда“. Основачот на организацијата, Гевин Елис, открил дека правење корпи за отпадоци кои се „навистина чисти, едноставни, светли, воочливи и разиграни“ имаат тенденција да ги охрабруваат луѓето да рециклираат. Говорејќи на конференцијата за иновации на пакување во Бирмингем, тој кажал: „Можете лесно да ги комплицирате работите со награди и слично. Но, откривме дека најефективно е корпите да се направат светло жолти и на нив да има големи ознаки“. Покрај ова, Лидс има објект за рециклирање и произведување електрична енергија. Фабриката што е на компанијата за управување со отпад Веолија, произведува материјали и електрична енергија што ги добива од комуналниот отпад на градот. Со тоа што отпадот не се носел во депониите, градот на годишно ниво намалил стакленички гасови еквивалент на 29.000 автомобили од патиштата.

*САН ФРАНЦИСКО, САД

Во САД, Сан Франциско е шампион на рециклирањето – 80% од отпадот во градот не отишол на депониите од 2013 година. На интернет може да се најдат и спротивни информации – дека таа висока стапка од 80% се должи на фактот што властите сметаат и шут и сличен отпад кој се дроби и се користи за нови патишта, а не се депонира.

Крајната цел на СФ е да биде град со нула отпад до 2020 година – ниту едно ѓубре да не оди во депонија или во погоните за согорување (инцинератори). Како дел од оваа програма, во 2009 г. се вовеле правила според кои сите бизниси и живеалишта морало да рециклираат и компостираат. Сан Франциско ги наградува и казнува деловните субјекти според отпадот што го фрлаат. Исто така, го усвои првиот закон за компостирање во земјата и забрани предмети како што се пластични кеси и стиропор на касите. Фирмите добиваат попусти за користење на зелените и сините канти во градот – за рециклирање и компостирање – и им се наплаќа дополнително доколку материјали кои може да се рециклираат или биоотпадот завршуваат во општ отпад.

*Ванкувер, Канада

Во 2017 година, центарот на градот Ванкувер одврати 62% отпад од депониите со тоа што областа реупотреби 82.000 тони материјал. Канадското пристаниште има поставено како цел да има 80% стапка на рециклирање до 2020 година. Оваа цел беше поставена во 2011 година кога градот го прифати предизвикот да стане најзелена општина во светот. Акцискиот план за „Најзелен град 2020“ беше дизајниран да го подготви Ванкувер за потенцијалните влијанија од климатската криза.

*Љубљана, Словенија

Во 2014 година, словенечкиот град Љубљана стана првата европска престолнина што ја усвои целта на ЕУ за нула отпад. Тоа означи извонреден подем за седиштето на словенечката влада, која на крајот на векот немаше ниту посебен систем за собирање отпад. Ова се смени во 2002 година кога градот воведе услуга за собирање хартија, стакло и пакување преку контејнери крај патот. Неколку години подоцна, започна да се собира биоразградлив отпад од жителите, мерка која треба да стане задолжителна низ цела Европа во 2023 година.

Во 2013 г., Љубљана спроведе две политики кои го помогнаа да го зголеми рециклирањето: Прво, им даде на сите домаќинства канти за отпад од пакување и канти за селектирање хартија, и собирањето на преостанатиот отпад се намали за половина – што ги охрабрило жителите поефикасно да го делат ѓубрето. Со оваа мерка стапката на рециклирање во градот пораснала од 29,3% во 2008 година на 68% во 2019 година. Главниот град на Словенија сега произведува само 115 килограми мешан отпад по лице годишно, а единствено италијанскиот град Тревизо има помала цифра.