Седници
НА СКОПЈЕ МУ СЕ НЕОПХОДНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ!

НА СКОПЈЕ МУ СЕ НЕОПХОДНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ!

Прочитај го ставот на нашиот советник Горјан Јовановски на петтата седница на Советот на Град Скопје:

,,Една од основните вредности на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД е намалување на автоцентричноста на Скопје и негово претворање во град на пешаци, велосипедисти и јавен транспорт. Затоа, ние сме против намалување на цените на паркинзите низ градот, потег кој само повеќе ќе го мотивира користењето на автомобилите, наместо да промовира алтернативни начини на транспорт.

,,Сепак, свесни сме и за другата страна, односно за нашите сограѓани кои се наоѓаат во тешка финансиска состојба, со здравствени состојби поради кои не се во можност или се плашат да се служат со јавен превоз, а нашите улици не ги сметаат за доволно безбедни за да се движат со велосипед.

Свесни сме и дека превработеноста на нашите јавни претпријатија кои низ годините се преполнети со партиски кадри генерира трошоци кои на крај ги плаќаме ние, а сите заедно ги чувствуваме последиците од таа неквалификуваност и нефункционалност.”

Скопје е рамен град, и не е многу голем, за да мора да сме целосно зависни од нашите автомобили.

Како град мора да го искористиме тој географски потенцијал за да ја подобриме велоинфраструктурата за што повеќе граѓани да се чувствуваат безбедно како велосипедисти во сообраќајот, да го оптимизираме јавниот превоз и да се погрижиме пешаците да имаат приоритет во сообраќајот.

Само на тој начин ќе може да ја намалиме нашата зависност од автомобилите, а со тоа добиваме:

  • 1) Подобрено здравје кај граѓаните
  • 2) Зголемена безбедност за сите во сообраќајот
  • 3) Заштеда на пари за гориво и поредок сервис на автомобилите
  • 4) Помалку аерозагадување

Секако за сите оние кои од здравствени причини се спречени да користат алтернативен начин на транспорт, ЗХГ ќе поддржи и бесплатен паркинг. На Скопје му е неопходна детална и професионална анализа на актуелната состојба и перспективи за најефективно реализирање на одржлива урбана мобилност. Одговори на многу прашања очекуваме да добиеме од Планот за одржлива урбана мобилност (SUMP) кој е во процес на изработка.

Навистина загрижувачки податок е што во текот на 2017 г. имало 46.252.480 превезени патници, а во 2021 г. тој број е намален за скоро 70% и изнесува само 16.166.927. Евидентно е дека на скопскиот јавен транспорт му е неопходно преобмислување и решенија кои се спроведливи и кои ќе дадат резултат. Општото намалување на цените на паркингот ќе овозможи уште поголем број на граѓани да бидат мотивирани да се потпрат само на автомобилот како главно превозно средство.

Ако сакаме навистина Скопје да биде еден зелен и хуман град за живеење, мора да носиме стратешки одлуки кои ќе нѐ водат кон таа цел.”

Прочитајте го капитуларот од петтата седница на Совет на Град Скопје.