ЗХГ
Сакаш да живееш долг и здрав живот? 6 тајни од најстарите луѓе во Јапонија

Сакаш да живееш долг и здрав живот? 6 тајни од најстарите луѓе во Јапонија

1 во 1450 Јапонци е моментално на возраст над 100 години, а 88,4% од стогодишниците се жени.

Окинава, јапонски архипелаг, е една од првите „Сини Зони“ на светот, каде што постои висока концентрација на стогодишници.

Д-р Бредли Вилкокс, член на истражувачкиот тим на Okinawa Centenarian Study (Окинавски Истражувања на Стогодишници), објаснува некои од тајните за живеење долг и здрав живот.

На суптропските јапонски острови на Окинава, имаат една поговорка: Живеј доволно далеку од својата фамилија за да не ги сретнуваш секој ден, но доволно блиску да можеш да им однесеш топла супа пешки.

Во изминатите 18 месеци, многумина од нас ќе ги уживаа придобивките од живеењето на пешачко растојание од своите семејства. Наместо тоа, моравме да се задоволиме со ZOOM повици… па загубата на социјална поврзаност влијаеше на нашата благосостојба и психичко здравје.


Социјализирањето е една од причините што Окинавците живеат здраво до 100 и понатаму. Така вели геријатарот од „Хаваи Универзитетот“ и директорот на „Куакини Центар за Преведувачки Истражувања за Стареење“, д-р Бредли Вилкокс кој со својот брат близнак и антрополог, Крег, од „Окинава Интернационален Универзитет“, студирал стогодишници на островите повеќе од 20 години.

Тоа е една од првите Сини Зони на светот, каде што бројот на стогодишници е натпросечно висок.

Не можеш да се прошеташ на улица без да сретнеш некој од нив,“ вели д-р Вилкокс, кој е ко-автор на „Њу Јорк Тајмс“ бестселерот, „The Okinawa Way“ во 2001 каде што ги објаснува пронајдоците на својот тим.

Нов рекорд на луѓе кои имаат над 100 години

Популацијата на луѓе кои имаат над 100 години на Јапонија само што достигна рекорд од 86510, според тамошното министерство за здравство, = пораст за 6060 од 2020 година, за разлика од порастот за само 153 од 1963, од кога постојат записниците.

Тоа значи дека 1 во 1450 Јапонци моментално има над 100 години и жените претставуваат 88,4% од стогодишниците, вклучувајќи ја и Кане Танака, најстариот човек на светот на возраст од 118 години.

Во Окинава имало скоро дупло повеќе стогодишници во 100.000 луѓе во 2015 отколку што имало во цела Јапонија.

Зошто е ова важно и како влијае животната средина врз долгиот и квалитетен живот?

Окинавската Студија на Стогодишници“ е започната од д-р Макото Сузуки во далечната 1975 и е најдолгата континуирано активна студија која го следи животот на луѓето кои имаат над 100 години. Тимот има проучено повеќе од 100 стогодишници со цел да ги разбере генетските фактори и факторите на опкружување заслужни за здраво стареење.

Откритијата споделени во нивната книга во 2001 вклучуваа чисти артерии и низок холестерол; низок ризик за хормонски-зависен рак, со 80% помалку рак на гради и простата од жители на Северна Америка; цврсти коски, со половичен ризик на скршеници на зглобот од жители на Северна Америка; слаби и фит тела и впечатлива психичка бистрина. 

Сè ова значи дека товарот на здравствениот систем на Окинава е понизок со стареењето на популацијата.

Поздраво стареење носи и економски придобивки, според „Здраво Стареење и Долготрајност“ на „Советот за Глобална Иднина на Светскиот Економски Форум“.

„Ако можеш да го продолжиш не само животниот рок, туку и здравствениот, можеш да добиеш повеќе продуктивност, луѓето ќе бидат посреќни и со помал ризик од умирање од рак или кардиоваскуларни болести,“ се согласува д-р Вилкокс.

„Ако можеме да ги открииме механизмите на стареење, како и зошто старееме, и потоа да им помогнеме на луѓето во општеството да живеат поздрави и подолги животи, тоа ќе биде едно од најголемите откритија во историјата на медицината.“

Овде, д-р Вилкокс објаснува некои од тајните за живеење долг и здрав живот, на Окинавски начин, кој во основа се сведува на баланс:

  1. Практикувај „хара хачи бу“, јади за здравје и вежбање.

    Постарите Окинавци веруваат дека телото е храм и не треба да го загадуваш. Пијат алкохол умерено и генерално не пушат многу. Исто така се многу активни луѓе, нивниот калоричен внес и изнес се секогаш скоро изедначен, а често и во минус, така што топат многу масти.

    Нивната исхрана е главно основана на растенија, што значи не е висококалорична. Тие јадат преку килограм зеленчуци, овошја и мешунки, како соја гравчиња, на ден. Тоа е дел од секој оброк. Наместо леб, главниот јаглехидрат е слаткиот компир кој има ниско гликемиско оптоварување и доста растителни состојки, поконкретно разнобојни флавоноиди кои навистнина придонесуваат за севкупното здравје и евентуално го забавуваат процесот на стареење. Исто така тие практикуваат „хара хачи бу“ јадење додека не се најадат само 80%.

  2. Биди позитивен и најди го својот „икигаи“, чуство за имање цел

    Сите стогодишници кои ги среќаваме имаат позитивен став. Генерално се оптимистични и си имаат некој ноншалатен и безгрижен пристап кон животот – љубители на веселба. Мислам дека е многу важно да уживаш во животот како што старееш. Исто така имаат нешто што се вика „икигаи“, јапонскиот збор за чувството за имање цел. Еден маж имаше 102 години и неговото икигаи беа едни два драгоцени бика – тој одеше да ги види секој ден, да се грижи за нив. Нечие друго икигаи може да биде семејството, работата што го исполнува и во која е добар, или пак верата.

  3. Остани психички ангажиран

    Не постои зборот пензионирање во Окинавскиот јазик, а до скоро, тоа го немало ни како концепт. Едноставно си правиш тоа што отсекогаш си го правел, значи ако си земјоделец, сè уште се бавиш со земјоделство. Мислам дека откако ќе престанеш да го правиш тоа што си го правел, особено ако си уживал во тоа и ти давало чувство на имање цел, можеш брзо да потонеш. Идејата е да останеш ангажиран. Тоа помага многу со задоволство во животот и ги намалува здравствените торошоци затоа што луѓето се држат физички и психички активни цел живот.

  4. Влези во „моаи“, друштвена група

    Окинавците имаат големи фамилии и силни мрежи за социјална поддршка. Нивните заедници се градени на блискост и сите се знаат со сите. Имаат друштвени собирања во групи познати како „моаи“. Жените си муабетат за разни работи, пијат зелен чај, можеби јадат по некој десерт, а мажите пушат цигари, пијат алкохол, што можеби е објаснување за тоа зошто и тие не живеат долго како жените. Но генерално, обожаваат да се собираат.

    Окинава ги имала најниските здравствени трошоци во цела Јапонија, и покрај тоа што се сиромашни, затоа што луѓето се поздрави. Во 2000, Јапонија имплементира „Програма за Здравствено Осигурување на Долг Рок“ низ целата земја која што вклучува платена дневна нега и грижа за возрасни. Окинавците, како дружељубив народ, ја искористуваат максимално и тоа ги спушта здравствените трошоци на подолг рок затоа што луѓето со повеќе друштвен контакт се посреќни и поздрави.

  5. Намали го стресот и размисли го одново твојот однос кон времето

    Веројатно си го слушнал поимот „hurry sickness“ (болест на брзање) – сите пробуваме да испочитуваме некакви рокови. Во КОВИД-19 пандемијата, многу од нас можат да работат од дома, но сепак сме оптеретени со повици. Окинавците имаат побавно чувство за време. Изгледа како ништо да не почнува на време, но сепак си ги завршуваат работите. А во исто време си имаат и некој отпорен-на-стрес карактер. Низ историјата научиле како да се справуваат со трагедија и болка.

    Дури и откривме скоро во нашето истражување на Хаваите дека постои ген за отпорност на стрес, наречен FOXO3A, кој е поврзан со човечка долготрајност. Ако имаш и само една копија од овој ген од мајка ти или татко ти, имаш два или трипати поголема шанса да живееш до 100. Во принцип овој ген те штити од лошите ефекти на болести и мислам дека веројатно и од другите стресови на телото. Окинавците имаат минимално поголем процент од овој ген, но максимално го искористуваат.

  6. Прифати ја својата спиритуалност

    Окинавците се многу спиритуален народ и се луѓе кои во духовноста и религијата се покажуваат и во пракса. Секоја година, ги посетуваат своите предци, си прават излет и зборуваат со нив како да се уште таму. Оваа врска ја одржуваат низ генерациите, така што овде постои едно чувство на континуитет. Имаат своја домородна религија која е повеќе анимистичка, па веруваат дека постои спиритуална енергија во сè.

    Традиционално, религијата била водена од жените, односно тие биле свештенички. Постојат свети шумички околу Окинава, каде што жените сè уште одат, медитираат и се молат за мир и здравје. Будизмот истотака има малку навлезено во културата, но уште постои и оваа домородна религија. Секое село има свештеничка и жените се меѓусебно во добра синхронизација, не само со самите себе туку и со природата. Тие се меѓу најздравите и најмоќните жени што сум ги видел.


    Превод од World Economic Forum.