Седници
Заклучоци од 3-та седница на Совет на Град Скопје

Заклучоци од 3-та седница на Совет на Град Скопје

Во продолжение е дневниот ред од третата седница на Советот на Град Скопје. Еве како гласаа советниците на ЗХГ, и дали точките беа усвоени или не од мнозинството.

Материјалите и снимките од секоја седница се доспатни на: МојГрад секција Совет

  1. ПРОТИВ субвенции за ЈП Паркови и зеленило
    Причина: Претпријатијата треба да работат самостојно финансиски, наместо да зависат од субвенции.
    Точката беше усвоена.
  2. ПРОТИВ План на програми за развој
    Причина: Премногу улици и булевари планирани без нов ГУП, автоцентричност наместо намалување на сообраќајот.
    Точката беше усвоена.
  3. 🤷 ВОЗДРЖАНИ за буџетот на Градот за 2022
    Причина: Го поздравуваме прифаќањето на дел од битните амандмани на ЗХГ и партиите со свои претставници во Советот, но бараме поделотворна и навремена вклученост во конципирањето на буџетот и поголем акцент на битни ставки како што е животната средина со проекти кои навистина придонесуваат за нејзино унапредување. Очекуваме со претстојните ребаланси ситуацијата да се подобрува и Скопје да се развива во насока на климатска неутралност и енергетска независност.
    Точката беше усвоена.
  4. 🤷 ВОЗДРЖАНИ за управни одбори на ЈП, освен ЗА управниот одбор на Лајка 
    Причина: Биографиите на номинираните членови беа доставени непосредно пред таа точка да дојде на ред. Во времето што го имавме на располагање за анализа не можевме да утврдиме задоволителност на биографиите за членови кои се клучни во работата на ЈП. Мнозинството номинирани членови на ЈП Лајка беа номинирани од ЗХГ во име на скопските здруженија за заштита на животните и нивните биографии беа доставени до сите советници 7 дена пред седницата и јавно објавени.
    Точката беше усвоена.
  5. 🤷 ВОЗДРЖАНИ за надзорните одбори на ЈП, освен ЗА надзорниот на ЈП Лајка 
    Причина: Исто како претходно.
    Точката беше усвоена.
  6. 🤷 ВОЗДРЖАНИ за управните одбори на ЈУ, освен ПРОТИВ управниот одбор на МКЦ и ЗА управниот одбор на Дом на Култура „Кочо Рацин“
    Причина: Против МКЦ поради несоодветноста на Јелена Жугиќ за таа позиција. За Дом на Култура поради задоволителни биографии.
    Точката беше усвоена.
  7. 🤷 ВОЗРЖАНИ за надзорните одбори на ЈУ освен ЗА надзорниот одбор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ и Музеј на Град Скопје
    Причина: За Градска библиотека и Музеј на Град Скопје поради задоволителни биографии.
    Точката беше усвоена.
  8. ЗА предлог одлука за надоместок на изборните комисии во Град Скопје
    Причина: По проверка со ДИК, тие беа сумите што ДИК ги има усвоено.
    Точката беше усвоена.
  9. 🤷 ВОЗДРЖАНИ за давање субвенции на ЈСП
    Причина: Претпријатијата треба да работат самостојно финансиски наместо да зависат од субвенции.
    Точката беше усвоена.
  10. ЗА давање донации на светилки (улични сијалици) на општините кои градот веќе не ги користи поради замена со ЛЕД
    Точката беше усвоена.
  11. 🤷 НЕ ГЛАСАВМЕ за согласност за преземање на вработен
    Причина: Поради недостиг на CV.
    Точката беше усвоена.
  12. ПРОТИВ времените вработувања во Град Скопје
    Причина: Преголем број на нови вработувања со многу малку образложение зошто толку голем број на кадри се потребни и точно кои кадри ги заменуваат.
    Точката беше усвоена.
  13. ПРОТИВ извештајот за работа на ЈСП
    Причина: Без сеопфатна анализа за работата и ефикасноста на сите претпријатија, не може да знаеме дали тие добро или лошо работеле.
    Точката не беше усвоена.
  14. 🤷 ВОЗДРЖАНИ за инвестиционата програма на ЈСП
    Причина: Иако имаше добри ставки во програмата како што се бесплатни карти за студенти, но меѓу нив и 250 милиони за потешкотии на ЈСП, што е против нашето убедување дека претпријатијата треба да работат самостојно.
    Точката беше усвоена.
  15. ПРОТИВ предлогот за изменување на програмата за култура за 2021
    Причина: 2021 година завршува(ше) за 2 дена.
    Точката беше усвоена.
  16. ПРОТИВ предлогот за уредување градежно земјиште
    Причина: Дел од нашите членки направија темелна анализа на предлогот, има многу нејасни проекти и една улица ДИРЕКТНО НИЗ СКУПИ локалитетот.
    Точката беше усвоена.
  17. ЗА програмата за социјална детска и здравствена заштита 
    Точката беше усвоена.
  18. ЗА програмата за нумерирање на објекти на територија на Скопје
    Точката беше усвоена.
  19. ЗА одредување локации за поставување апарати за рециклирање пластика на ПОЦ 
    Точката беше усвоена.
  20. Предлог одлуката за поништување на одлуката за именување на улици беше повлечена од дневен ред.
    ЗХГ гласаше против нејзиното ставање на дневен ред.