Седници
Заклучоци од 6-тата седница на Совет на Град Скопје
Во продолжение е дневниот ред од шестата седница на Советот на Град Скопје. Еве како гласаа советниците на ЗХГ. Сите точки, освен петтата, беа усвоени од мнозинството советници на оваа седница.
Материјалите и снимките од секоја седница се достапни на: МојГрад / Секција Совет, а дневниот ред за оваа седница е тука (без новододадените точки). На самата седница беа додадени 4 нови точки кои не се претставени во оригиналниот дневен ред (точките 2, 3, 13 и 14).
- ✅ ЗА Констатирање на престанок на мандат на член на Совет на Град Скопје
Образложение: Еден член на Советот од редовите на СДСМ, Мартин Попов, си поднесе оставка бидејќи беше назначен за шеф на кабинетот на премиерот на РМ. - ✅ ЗА Верификација на мандат на член на Советот на Град Скопје
Образложение: На местото на членот од СДСМ, Мартин Попов, кој си поднесе оставка дојде следниот од нивната листа од изборите, советничката Ајсељ Сејфула. - ✅ ЗА Предлог-Одлука за давање помош на граѓаните на Република Украина
Образложение: Беше предложено поради војната во Украина, Град Скопје преку Црвен Крст да испрати парична помош од 7.000.000 денари до Украина. - 🤷♂️ ВОЗДРЖАНИ по Предлог-Годишна сметка на Буџетот на Град Скопје за 2021 година
- ❌ ПРОТИВ по Годишен извештај на Град Скопје за 2021 година
- ✅ ЗА Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Кисела Вода за реконструкција на коловоз и тротоари, изработка на атмосферска канализација и улично осветлување на улица Славка Динкова во општина Кисела Вода
- ✅ ЗА Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште за реконструкција со пренамена на јавен објект
- ✅ ЗА Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште за изградба на детска градинка
- ✅ ЗА Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште за надградба на Клиника за хематологија
- ✅ ЗА Предлог-Одлика за формирање на Градски Штаб за заштита и спасување
Образложение: За оваа точка советникот Горјан Јовановски постави прашање на кој начин се одбираат членовите на овој штаб, по што од Градот му беше одговорено дека сите тие се вработени во Град Скопје и лица кои го имаат неопходното долгогодишно искуство. - 🤷♂️ ВОЗДРЖАНИ по Предлог-Програма за одржување на јавната чистота на подрачјето на Град Скопје
Образложение: За оваа точка советникот Горјан Јовановски постави прашање дали има евалуација на резултатите од оваа програма и дали како резултат на евалуацијата програмата се приспособува секоја наредна година. Одговор на самата седница немаше. - ❌ ПРОТИВ Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Град Скопје во периодот од 01.01.2021-31.12.2021 година
Образложение: Во извештајот на само 4 улици биле изведени велопатеки (најчесто мешани со пешачки патеки) и само 2 проектирања на улици со велопатеки. Ова е многу мал број на улици на кои била додадена велоинфраструктура, и вака Скопје не може да стане велоград. - ✅ ЗА Предлог-одлука за изменување на Одлуката за формирање Комисија за култура на Советот на Град Скопје
Образложение: Поради оставката на советникот од точка бр. 1, составот на Комисијата требаше да биде променет. - ✅ ЗА Предлог-одлука за изменување на Одлуката за формирање Комисија за комунални работи на Советот на Град Скопје
Образложение: Поради оставката на советникот од точка бр. 1, составот на Комисијата требаше да биде променет.