Седници
Заклучоци од 8-мата седница на Совет на Град Скопје

Заклучоци од 8-мата седница на Совет на Град Скопје

Во продолжение е дневниот ред од осмата седница на Советот на Град Скопје. Еве како гласаа советниците на ЗХГ. Сите точки, освен 28 и 30, беа усвоени од мнозинството советници на оваа седница.

Материјалите и снимките од секоја седница се достапни на: МојГрад / Секција Совет, а дневниот ред за оваа седница е тука (без новододадените точки). На самата седница беше додадена 1 нова точка која не е претставена во оригиналниот дневен ред (точката 33).

  1. ЗА Предлог-одлука за проширување на средствата во Буџетот на Град Скопје за 2022 година; 
  2. ЗА Предлог-статутарна одлука за изменување на Статутот на Град Скопје;
  3. ЗА Предлог-одлука за давање согласност за формирање паралелка со помал број на ученици во учебната 2021/2022 година во средното училиште на град Скопје „Владо Тасевски„. 
  4. ЗА Предлог-одлука за изменување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје;
  5. ЗА Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје; 
  6. ЗА Предлог-одлука за одобрување набавка на две специјални противпожарни возила-автоцистерни; 
  7. ЗА Предлог-одлука за одобрување набавка на пумпа за теренско возило со висок притисок;
  8. ЗА Предлог-одлука за одобрување набавка на едно специјално противпожарно возило-навално;
  9. 🤷‍♂️ ВОЗДРЖАНИ по Предлог-одлука за давање согласност за преземање вработен; 
  10. ЗА Предлог-одлука за склучување на спогодба за здружување за воспоставување на систем за управување со отпад на регионално ниво;
  11. ЗА Предлог-програма за енергетска ефикасност на Град Скопје за период 2022-2024 година;
    Образложение: Ставот на ЗХГ по оваа точка е достапен на следнава врска.
    Дополнителни аргументи на следнава врска.
  12. ЗА Предлог-план за енергетска ефикасност на Град Скопје за 2022 година;
  13. ЗА Предлог-програма за испитување на загаденоста на почвата на подрачјето на Град Скопје за 2022 година;
  14. ЗА Предлог-програма за изменување на Програмата на активности од областа на заштита на животната средина на подрачјето на Град Скопје за 2022 година 
  15. Информација за ревизорските извештаи и за стекнување и распределба на средствата стекнати од сопствени приходи во средните училишта на Град Скопје;  
  16. ЗА Предлог-програма за субвенционирање на домаќинствата на граѓаните на подрачјето на град Скопје за надоместување на дел од трошоците за чистење на оџаци за 2022 година;
  17. ЗА Предлог-одлука за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција за надоместување на дел од трошоците на домаќинствата на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за чистење на оџаци за 2022 година;
  18. 🤷‍♂️ ВОЗДРЖАНИ по Предлог-програма за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година;
    Образложение: Ставот на ЗХГ по оваа точка е достапен на следнава врска.
  19. ПРОТИВ Предлог-одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈП Водовод и канализација – Скопје за 2021 година; 
  20. ЗА Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за покривање на загубата по Годишната сметка на ЈП Водовод и канализација – Скопје за 2021 година; 
  21. ЗА Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за одобрување донација на ЈП Паркови и зеленило-Скопје; 
  22. ПРОТИВ Предлог-одлука за давање согласност на Финансиски извештаи со објаснувачки белешки на ЈП Паркови и зеленило-Скопје за 2021 година; 
  23. ЗА Предлог-одлука за давање согласност на Програмата за изменување на Програмата за дополнителни активности на ЈП Пакови и зеленило-Скопје, во делот на одржување на јавни зелени површини на подрачјето на Град Скопје, за период од 01.03.-31.12.2022 година; 
  24. 🤷‍♂️ ВОЗРЖАНИ по Предлог-одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈП Депонија Дрисла-Скопје, за 2021 година; 
  25. ЗА Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за распоредување на добивката остварена по Годишната сметка и Финасиските извештаи за 2021 година на ЈП Депонија Дрисла-Скопје; 
  26. 🤷‍♂️ ВОЗРЖАНИ по Предлог-одлука за давање согласност на Извештајот за остварени финасиски резултати од работењето на ЈП Депонија Дрисла-Скопје, за период I-XII/2021 година; 
  27. 🤷‍♂️ ВОЗРЖАНИ по Предлог-одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈП Комунална Хигиена, Скопје за 2021 година; 
  28. 🤷‍♂️ ВОЗРЖАНИ по Предлог-одлука за давање согласност на Извештајот за остварени финансиски резултати на ЈП Комунална хигиена –Скопје за период I-XII/2021 година ;
  29. ЗА Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за покривање на загубата по оданочување на ЈП Комунална Хигиена Скопје, за 2021 година;
  30. ПРОТИВ Предлог-одлука за давање согласност на Годишен извештај за работењето на ЈП Комунална хигиена, Скопје за период од I-XII/2021 година; 
  31. ПРОТИВ Предлог-одлука за давање согласност на Финансиски извештаи по завршна сметка со 31.12.2021 година на ЈП Лајка Скопје;
  32. ЗА Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за покривање на загубите на ЈП Лајка Скопје;
  33. 🤷‍♂️ ВОЗРЖАНИ по Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за истапување на ЈСП Скопје од Стопанска интересна заедница за патен транспорт Македонија соообраќај АМЕРИТ – СКОПЈЕ;