ЗХГ

ТОП 30 МЕРКИ ПРОТИВ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ
Мерки доставени низ годините од ЗХГ до Град Скопје и централната власт:
-
- Јавно да се објави регистар со правни лица и локацијата каде што се наоѓаат на територија на Град Скопје кои според закон задолжително би морало да имаат Б-интегрирана дозвола за да работат, а при надзор е утврдено дека немале.
-
- Целосна забрана за увоз на отпад во Македонија освен отпадно железо и челик.
-
- Густа локална мрежа од мерни станици, по една на максимум 1.500м2, со приоритет на обиколување индустриски капацитети и погони (А и Б-интегрирани дозволи).
-
- Фотоволтаични системи во сопственост на Град Скопје на крововите на сите објекти под надлежност на Град Скопје за енергетска независност.
-
- Замена на начинот на греење на сите објекти кои се во сопственост или надлежност на Град Скопје и користат нафта, дрва или други загадувачки горива за загревање и итно префрлање на системот за загревање на струја (во комбинација со поставување фотоволтаици на покривите) или приклучување на градско парно паралелно со обезбедување комплетна енергетска ефикасност на сите објекти што немаат.
-
- 10 градски биокомпостари – по една за секоја општина, лесно достапни за граѓаните.
-
- Зголемување на површината на урбано зеленило (градски шуми, паркови, зелени плоштади, дрвореди, зелени коридори и заштитно зеленило) на ниво на Град Скопје, во согласност со климатските и географските карактеристики на градот и специфичните потреби (населено место и алергени) на граѓаните, како и одржување на постоечкото урбано зеленило.
-
- Вработување најмалку 5 нови инспектори за животна средина и овозможување за користење на 3 возила на Инспекторатот со цел брзо постапување по пријави од граѓани.
-
- Имплементирање на систематична, интензивна и редовна хигиена на улиците.
-
- Законски измени за управување со отпадот во насока на усогласување со концептот Нула отпад.
-
- Забрана за пластичен прибор и пластична амбалажа за еднократна употреба, како и продукти пакувани во пластична амбалажа во јавните набавки на Град Скопје.
-
- Зголемување на бројот на контејнери наменети за селекција на отпад (пластика, хартија, стакло) да се распоредат на максимално 250 метри радиус од станбен објект.
-
- Советот да ѝ препорача на владата да го задолжи УХМР да започне со прогнозирање на температурни инверзии во скопската котлина. Истите прогнози да се користат за предвремено дејствување со цел заштита на населението во Скопје.
-
- Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Град Скопје.
-
- Сеопфатна велосипедска мрежа на секои 250 метри, со хиерархија налик на таа од автомобилската мрежа: примарна вело-мрежа со патеки/ленти со повисока минимална ширина (2,5 метри наместо 1,5 метри), секундарна мрежа со потесни патеки, улици со споделен простор, a со приоритет на велосипедски сообраќај итн.
-
- Намалување на сообраќајната инфраструктура за автомобили. Ако се земе предвид основата на сообраќајната теорија – за секое 1% зголемување на обемот на сообраќајната инфраструктура за автомобили, правопропорционално (за 1%) се зголемува бројот на автомобили, доаѓаме до неизбежниот заклучок: колку повеќе и пошироки улици, толку повеќе автомобили.
-
- Нови паркинг-места за велосипеди и градски стандард за задолжителен велосипедски паркинг за сите нови објекти – општините носат одобренија, но Градот може да усвои градски стандарди и да им наметне задолжение на општините.
-
- Итна набавка на нови автобуси за ЈСП Скопје и континуирано одржување и обновување на возниот парк за просечна старост од максимум 9 години.
-
- Високоразвиен јавен превоз издвоен од останатиот сообраќај. Стратегија добиена низ партиципативен процес и базирана на факти.
-
- Измена на Законот за урбано зеленило со цел зачувување на зеленилото
Во чл. 31 од Законот за урбано зеленило да се внесе забрана за сечење на здраво зеленило, освен во случаите кога тоа претставува ризик по здравјето и животот на граѓаните или претставува опасност од причинување материјална штета, како и обврзно негување на зеленилото што е во лоша состојба.
Да се изменат чл. 20 и чл. 21 од ЗУЗ за да се внесат обврски за 30-70% зеленило на секоја градежна парцела во зависност од локацијата и намената на парцелата и стандард од минимум 50м2 зеленило по глава на жител.
Да се измени чл. 29 од ЗУЗ така што ќе се внесе обврска за јавно објавување на сите решенија за интервенција врз зеленило што ги носат локалните самоуправи на денот на нивното донесување.
- Измена на Законот за урбано зеленило со цел зачувување на зеленилото
-
- Измена на Правилникот за обновливи извори на енергија заради демонополизација на ресурсот.
Итна измена на член 4 став (2) алинеја 3 од Правилникот за обновливи извори на енергија и зголемување на прагот на дозволена инсталирана моќност (моментално само 6 kW се дозволени за домаќинствата и за заедница на домаќинства-сопственици на посебни делови во станбена зграда или заедница на домаќинства-сопственици на посебни делови во станбена зграда кои сакаат да враќаат назад во мрежата), со олеснување на условите за индивидуални домаќинства и заедница на домаќинства да произведуваат и да тргуваат со електрична енергија произведена со ФВ системи.
- Измена на Правилникот за обновливи извори на енергија заради демонополизација на ресурсот.
-
- Промена на системот за наплата на парно греење и субвенционирање на мерачи за греење на секое домаќинство (да се постават калориметри кај крајните потрошувачи).
-
- Интегрирање на постоечката железничка инфраструктура во јавниот транспорт во Скопје:
1) Реконструкција и унапредување на постоечката сообраќајна мрежа во Скопје на железнички и јавен транспорт со нови линии.
2) Реконструкција на постоечките постојки/станици и линии (железнички и автобуски) и нивно меѓусебно поврзување.
- Интегрирање на постоечката железничка инфраструктура во јавниот транспорт во Скопје:
-
- Отстранување на диво поставени елементи (тезги, билборди, паноа за реклами, шанкови, тераси) од пешачките и велосипедските патеки, како и отстранување на контејнерите кои го попречуваат слободното движење на тротоарите/велосипедските патеки.
-
- Субвенции за ФВ системи за индивидуални домаќинства.
-
- Субвенции за енергетска ефикасност на објекти за индивидуално домување.
-
- Субвенции за греење, реновирање, санација и реставрација на фасади и кровови за подобра термоизолација за социјално загрозени семејства.
-
- Систем за самоизнајмување велосипеди.
- Иницијатива за забрана на огномет на територија на Град Скопје за време на новогодишни и слични прослави. (Во изработка)
- Забрана за гумени или слични вештачки подлоги на детски игралишта. (Во изработка)
- Систем за самоизнајмување велосипеди.