
„Мора веднаш да ги забраниме новите котли на гас“ – Европските научници за иднината на гасот
Гасот* не е почист од другите фосилни горива и неговата употреба како замена на јаглен или нафта резултира со незначително или никакво намалување на ефектот на стаклена градина. Во новиот извештај на EASAC** „Иднината на гасот“ се нагласува екстремно високиот потенцијал за глобално затоплување на главно нерегистрираните протекувања на метан долж целиот синџир на снабдување со гас. За да се ублажат климатските промени од клучно значење е да се запре употребата на сите фосилни горива, да се забрани инсталирање нови котли на гас и масовно да се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори.
*Гасот е фосилно гориво, а придавката „природен“ е директна последица од измислицата „чисто гориво“ на нафтената индустрија. Оттука низ целиот преведен текст нема да биде користена придавката „природен“ иако постои во изворниот текст.
**European Academies Science Advisory Council – Совет на европските академии на науки, советодавно тело формирано од националните академии на науки на земјите-членки на ЕУ, Новрешка, Швајцарија и Обединетото Кралство, кое има за цел да ја олесни соработката меѓу академиите во однос на конципирање независни научни советодавни документи за европските креатори на политики.
Европските земји-членки се свртеа кон течниот гас (LNG) од други земји за да го заменат рускиот гас. „Јасно ни е дека ова е неопходен компромис како итна мерка за да се осигураме дека сијалиците ќе продолжат да светат, дека луѓето ќе останат на топло, а дека индустријата ќе работи непрекинато. Но, кога веќе ја оставаме директната зависност од Русија зад нас, мора целосно да го укинеме гасот и да го зголемиме производството од обновливи извори на енергија“, објаснува Вилијам Џилет, програмски директор за енергетика на EASAC.
„Немаме друг избор освен радикални промени. Климата не прави компромиси“.
Емисиите на метан имаат животен век во атмосферата од само десетина години, што е десетпати пократко од животниот век на јаглеродниот диоксид. Сепак, потенцијалот на метанот за глобално затоплување во период од 20 години е над 80 пати поголем од потенцијалот на јаглеродниот диоксид, што значи дека е далеку поштетен. „Досега го проценувавме влијанието на емисиите на стакленички гасови за периоди од 100 години. И нема ништо погрешно во овие пресметки. Сепак, климатските промени напредуваат толку брзо што сега мора да се фокусираме на влијанијата во следните 10 години. Затоа нема алтернатива на замената на гасот со обновливи извори“, вели Невен Дуиќ, претседател на Управувачкиот панел за енергетика на EASAC.
65 милиони котли се инсталирани во ЕУ за загревање згради, со што греењето е убедливо најголемата причина за употреба на гас. Осум земји-членки веќе забранија поставување нови котли на гас или наметнаа обврска за доминантно производство од обновливи извори на енергија во зградите. „Ваквите чекори мора да се стимулираат низ цела Европа“, препорачува Дуиќ.

Во извештајот топлинските пумпи и централното греење се препорачуваат како еколошки алтернативи на гасните котли. Во него се нагласува дека греењето, за разлика од струјата, е многу локален пазар. Самата конструкција на објектите и прописите, микроклимата, густината на побарувачката и достапноста на обновливи извори или извори на топлина од биоотпад, се фактори што мора да се земат предвид за да се избере најдоброто решение за секоја област или зграда. Затоа, градовите мора да ја интегрираат транзицијата во урбанистичкото планирање и да ги кројат политиките заедно со сопствениците и корисниците на системите за загревање.
Исто така, од суштинско значење е со овој процес да се адресираат социјалните неправди. Вилијам Џилет: „Не секој има доволно финансии или е кредитоспособен за да инвестира веднаш во нов систем за загревање. Успехот на Европа во намалувањето на емисиите на стакленички гасови бара визионерство, обѕир кон социјалната структура и механизми за поддршка кои се насочени кон најранливите групи и домаќинства.
Компаниите за дистрибуција и снабдување со гас често велат дека гасот треба прогресивно да се заменува со водород, што би им овозможило ефективна заштита на нивните инвестиции во следните неколку децении. Но, од научна гледна точка, овој пристап воопшто нема да придонесе за почисто загревање на домовите. „Мешањето на 10% водород во гасот резултира со само 1% намалување на CO2 што не е доволно за да се постигнат климатските цели во сектори што зависат од загадувачки енергенси. Предвидуваме брзорастечка побарувачка за водород и горива добиени од водород во некои индустриски гранки и за транспорт на тежок товар“, објаснува Ен Нојман, претседателка на работната група на EASAC.
Долго време гасот се сметаше за идеално преодно решение од јаглен кон нето-нула емисии на јаглерод до 2050 година. Во некои земји гасот стана главно гориво за производство на електрична енергија. Извештајот „Иднината на гасот“ на EASAC јасно покажува дека ова е ќорсокак.
„Гасот повеќе не смее да се смета за преодна опција. Целото производство на електрична енергија и загревање со согорување буквално го поттикнува глобалното затоплување и мора да се замени со обновливи извори како што се ветерот***, сончевата енергија или хидроенергијата“, вели Дуиќ.
***Постојат низа студии на случаи од светот според кои ветерниците и хидроенергијата ги ставаат во обесправена положба луѓето кои живеат во нивна близина (се менува микроклимата, се создава огромна бучава, секнува единствениот извор на вода за локалното население од кој тоа население живее, итн.), ги уништуваат екосистемите и го нарушуваат нормалното функционирање на животните или ги изложуваат на ризик од повреди и смрт. Дополнително, со интензивирањето на климатската криза – водата, која е ограничен ресурс, се предвидува дека ќе биде уште повеќе редуцирана поради високите температури, впрочем во последниот пасус од изворниот текст се предвидува дека ќе има недостиг на вода. Поради сето претходнонаведено, ниту хидроенергијата ниту ветерот не смее да се земат предвид кога се зборува за инвестиции во обновливи извори кај нас.
Во извештајот, исто така, се земаат предвид можностите за заробување и складирање на јаглерод (ЗСЈ) и нуклеарна енергија. „Наредната деценија е клучна во поглед на воспоставување контрола врз климатските промени, но фузијата е сè уште во зародиш и ниту постројките за ЗСЈ ниту новите нуклеарни постројки засновани на реактори за ограничување на струјата или на мали нуклеарни реактори не можат да се изградат доволно брзо. Покрај тоа, во многу региони, огромен е ризикот по нуклеарните централи од влијанието на климатските промени, како што е недостигот од вода за ладење“, заклучува Џилет.
Извор: European Scientists on the Future of Gas: We must ban new natural gas boilers at once
Извор до извештајот „Иднината на гасот“: The Future of Gas
Можеби ќе ве интересира и Гасот ниту е преоден, ниту е решение. Гасот е дел од проблемот!
EASAC, the European Academies’ Science Advisory Council, consists of representatives of the following
European national academies and academic bodies who have issued this report:
The Austrian Academy of Sciences
The Royal Academies for Science and the Arts of Belgium
The Bulgarian Academy of Sciences
The Croatian Academy of Sciences and Arts
The Cyprus Academy of Sciences, Letters and Arts
The Czech Academy of Sciences
The Royal Danish Academy of Sciences and Letters
The Estonian Academy of Sciences
The Council of Finnish Academies
The Académie des sciences (France)
The German National Academy of Sciences Leopoldina
The Academy of Athens
The Hungarian Academy of Sciences
The Royal Irish Academy
The Accademia Nazionale dei Lincei (Italy)
The Latvian Academy of Sciences
The Lithuanian Academy of Sciences
The Royal Netherlands Academy of Arts and Sciences
The Norwegian Academy of Science and Letters
The Polish Academy of Sciences
The Academy of Sciences of Lisbon
The Romanian Academy
The Slovak Academy of Sciences
The Slovenian Academy of Sciences and Arts
The Spanish Royal Academy of Sciences
The Swiss Academies of Arts and Sciences
The Royal Swedish Academy of Sciences
The Royal Society (United Kingdom)
Academia Europaea
ALLEA