Седници
Заклучоци од 4-та седница на Совет на Град Скопје
Во продолжение е дневниот ред од четвртата седница на Советот на Град Скопје. Еве како гласаа советниците на ЗХГ. Сите точки беа усвоени од мнозинството советници на оваа седница.
Материјалите и снимките од секоја седница се достапни на: МојГрад / Секција Совет, а дневниот ред за оваа седница е тука.
- 🤷 ВОЗДРЖАНИ за меѓуопштинската соработка со Општина Гази Баба за реконструкција на ул. Перо Наков
Причина: Иако знаеме дека потребата за реконструкција постои по разговор со локалците, ЗХГ бара сите проекти за реконструкција/пробивање на улици/булевари да бидат доставени и до советниците, но и да бидат јавно објавени за сите да сме информирани што се прави со нашите заеднички пари. Само така ќе знаеме дека улиците нема да бидат автоцентрични и ќе имаат функционални и безбедни пешачки и велопатеки. - ✅ ЗА одлуката за изменување на одлуката за давање помош на семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа кај Струма
Причина: Се менуваше само годината на исплата од 2021 во 2022 г. - 🤷 ВОЗДРЖАНИ за одлуката за субвенции на ЈП Градски паркинг
Причина: Ставот на ЗХГ е сите јавни претпријатија/установи да работат самостојно, да бидат самоодржливи, без потреба за парична помош од Град Скопје. - ✅ ЗА одлуката за преземање вработен
Причина: ЗХГ инсистира за сите вакви одлуки да се доставуваат биографии за да знаеме за кои лица со какви квалификации се работи. Во овој случај по свои канали добивме информација за кого се работи и го сметаме лицето за соодветен предлог, но ова не смее да е практика. - ✅ ЗА давање согласност за утрврдување на вредноста на бодот за 2022 година за ЈП Комунална хигиена.
- ✅ ЗА давање согласност за утрврдување на вредноста на бодот за 2022 година за ЈСП Скопје
- ✅ ЗА давање согласност за утрврдување на вредноста на бодот за 2022 година за ЈП Водовод и канализација
- ✅ ЗА давање согласност за донација од ЈП Водовод и канализација
Причина: Ова ЈП донира стар инвентар од одмаралиштето во Претор кој има сметководствена вредност 0. - 🤷 ВОЗДРЖАНИ за Инвестициската програма на ЈП Водовод и канализација
Причина: Не сите прашања на ЗХГ беа задоволително одговорени за да сме сигурни дека програмата ќе е во ред. - ✅ ЗА давање согласност за цени на договорен превоз на ЈСП
- 🤷 ВОЗДРЖАНИ за сите предлози на претставници на Градот Скопје во управните одбори на детски градинки
Причина: За оваа точка не беа доставени биографии и ни беше кажано дека позициите не се платени. Поставивме советничко прашање до Градот на кое очекуваме одговор во деловнички утврдениот рок од 10 дена и се воздржавме од гласање против. - 🤷 ВОЗДРЖАНИ за сите предлози на претставници на Градот Скопје во училишните одбори на средните училишта
Причина: За оваа точка не беа доставени биографии и ни беше кажано дека позициите не се платени. Поставивме советничко прашање до Градот на кое очекуваме одговор во деловнички утврдениот рок од 10 дена и се воздржавме од гласање против. - ✅ ЗА нов член во надзорниот одбор на ЈП Дрисла
Причина: Според доставената биографија, новиот член остава впечаток дека е соодветен за позицијата. - 🤷 ВОЗДРЖАНИ за нов член на надзорниот одбор на ДКЦ Карпош
Причина: Според доставената биографија, ЗХГ не можеше да заклучи дали предложениот член е соодветен за позицијата. - 🤷 ВОЗДРЖАНИ за нов член на надзорниот одбор на ЈУ Зоолошка градина
Причина: Според доставената биографија, ЗХГ не можеше да заклучи дали предложениот член е соодветен за позицијата. - 🤷 ВОЗДРЖАНИ за нов член на надзорниот одбор на ЈЗУ Железничар
Причина: Според доставената биографија, ЗХГ не можеше да заклучи дали предложениот член е соодветен за позицијата. - ✅ ЗА нови членови во управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом
Причина: Според доставената биографија, новите членови оставаат впечаток дека се соодветни за позицијата. - 🤷 ВОЗДРЖАНИ за избор на членови во Советот за заштита на потрошувачите
Причина: Без биографии ЗХГ не можеше да заклучи дали се или не се соодветни за позициите. - 🤷 ВОЗДРЖАНИ за формирањето Комисија за односи меѓу заедниците
Причина: Без биографии ЗХГ не можеше да заклучи дали се или не се соодветни за позициите. - 🤷 ВОЗДРЖАНИ за програмата за работа на Советот на Град Скопје за 2022 година
Причина: Дел од програмите, особено Програмата за одржување и реконструкција на сообраќајници во надлежност на градот, пешачки и велопатеки и јавни рекреативни површини и Програмата за изработка на урбанистички планови, се документи со кои не сме целосно согласни и чиешто спроведување внимателно ќе го следиме. - 🤷 ВОЗДРЖАНИ за програмата за превентивна дезинсекција на градот
Причина: Потребата за ова е реална, но 1) не се мери ефикасноста на програмата и 2) потребна е соработка со околните општини бидејќи има критични делови кои е нужно да влезат во опфатот, а во моментов не се и последиците ги чувствуваме во сите скопски општини - ✅ ЗА програмата за украсување на градот со знамиња за државни празници и други прилики во 2022 г.
- ✅ ЗА годишната програма за подигање и одржување на зеленилото
— До овде беа точките од оригиналниот дневен ред. Потоа на самата седница беа додадени 13 нови точки што следуваат. Материјалот – над 200 страници, за точките беше доставен на самата седница. — - 🤷 ВОЗДРЖАНИ за инвестициската програма на ЈП Паркови и зеленило
Причина: Немаме осигурување дека наведените планови ќе се изведат, дел од нив се присутни и во минатогодишната програма а не се реализирани - ✅ ЗА инвестициската програма на ЈП Лајка
Причина: Инвестициската програма на ЈП Лајка беше разгледана и усогласена меѓу скопските здруженија за заштита на животните - 🤷 ВОЗДРЖАНИ за инвестиционата програма на ЈП Дрисла
Причина: Немаме осигурување дека наведените планови ќе се изведат, дел од нив се присутни и во минатогодишната програма, а не се реализирани - ✅ ЗА давање согласност за утрврдување на вредноста на бодот за 2022 година за ЈП Паркови и зеленило
- ✅ ЗА давање согласност за утрврдување на вредноста на бодот за 2022 година за ЈП Дрисла
- ✅ ЗА програмата за хуман третман и благосостојба на бездомните животни од ЈП Лајка
Причина: Програмата за работа на ЈП Лајка за првпат во историјата на управувањето со Градот Скопје беше конципирана во соработка со скопските здруженија за заштита на животните и едногласно прифатена од нив - НЕ ГЛАСАВМЕ за субвенционирање на ЈП Паркови и зеленило
- 🤷 ВОЗДРЖАНИ за програмата за изработување урбанистички планови
Причина: Поради несогласувањето на информации што ги имавме ние и што ни беа претставени од секторот за урбанизам при Град Скопје, добивме покана за состанок со секторот да ги дефинираме поконкретно овие точки - НЕ ГЛАСАВМЕ за инвестициската програма на УП Улици и патишта
- 🤷 ВОЗДРЖАНИ за програмата за одржување и реконструкција на сообраќајници во надлежност на градот, пешачки и велопатеки и јавни рекреативни површини
Причина: Иако не е под надлежност на ЈП Улици и патишта сами да прават велопатеки, тоа треба градот да го иницира, сепак би било добро тие ставки да стојат како резервирани суми во нивната програма со цел да се знае колку средства се предвидени за таа намена - ✅ ЗА програмата за светлосна, хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација
- НЕ ГЛАСАВМЕ за субвенции на ЈП улици и патишта
- ✅ ЗА давање согласност за утврдување на вредноста на бодот за 2022 година за државните службеници во Град Скопје
Tags :