Седници
Заклучоци од 5-тата седница на Совет на Град Скопје

Заклучоци од 5-тата седница на Совет на Град Скопје

Во продолжение е дневниот ред од петтата седница на Советот на Град Скопје. Еве како гласаа советниците на ЗХГ. Сите точки, освен четвртата, беа усвоени од мнозинството советници на оваа седница.

Материјалите и снимките од секоја седница се достапни на: МојГрад / Секција Совет, а дневниот ред за оваа седница е тука. На самата седница додадени беа 2 нови точки на почетокот и 3 на крајот на предложениот дневен ред кои не се претставени во оригиналниот дневен ред.

  1. ЗА Констатирање на престанок на мандат на член на Совет на Град Скопје
    Еден член на Советот од редовите на Левица, Антонио Димитров, си поднесе оставка.
  2. ЗА Верификација на мандат на член на Советот на Град Скопје
    На местото на членот од Левица што си поднесе оставка дојде следниот од нивната листа од изборите, Амар Мециновиќ.
  3. ЗА Иницијатива за изменување и дополнување на Статутот на Град Скопје
    Иницијативата е поднесена за да се усогласи Статутот на Град Скопје со измената на чл. 41 од Законот за заштита на правата на пациентите од 2019 г.
  4. ПРОТИВ Извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2021 година за периодот 01.01-31.2021 година
    Ставот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД е дека е крајно време проектите кои се финансираат со јавни пари да произведат радикални промени на подобро во соодветните сфери. Освен тоа, очекуваме да го видиме крајот на ставки кои се провлекуваат низ 2 или 3 буџета, а чијашто реализација останува нула. Дискусијата на ЗХГ по оваа точка овде.
  5. ЗА Предлог-буџетски календар за 2022 година
  6. ЗА Предлог-одлука за изменување на Одлуката за давање на помош на семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово
    Се менуваше само годината на исплата од 2021 во 2022.
  7. Информација за состојбите во ЈП Градски паркинг-Скопје и за наводите околу неовластено издавање и привилегирано користење на одредени паркинг места во зонско паркирање и на катните гаражи со кои стопанисува ЈП Градски паркинг-Скопје
    За информации не се гласа, но може да се дискутира. Повеќе информации тука.
  8. 🤷‍♂️ ВОЗДРЖАНИ Предлог-одлука за изменување на Одлуката за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање
  9. 🤷‍♂️ ВОЗДРЖАНИ Предлог-програма за изменување на Програмата за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање
    Ставот на ЗХГ за Луна паркот е дека поради огромната сентиментална вредност што ја има и со оглед дека реквизитите последен пат биле обновени во 1973 г., е неопходно да се реконструира, но исклучиво во неговиот постоен обем од 26.563 м2 без да се уништува ниту едно здраво дрво бидејќи Градски парк е едно од ретките зелени прибежишта за одмор и релаксација на скопјани. Дискусијата по оваа точка е достапна тука.
  10. ЗА Предлог-одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и општините во градот Скопје (Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај, Шуто Оризари) за реконструкција и хортикултурно уредување на јавни зелени површини
  11. ЗА Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Кисела Вода за финансиско учество за изградба на атмосферска канализација по дел од улица Димо Хаџи Димов и улица Божидар Аџија – КРАК 2 во Скопје
    ЗХГ ја поздравува одлуката за решавање на повеќегодишен проблем, а особено затоа што според ЛЕАП 2020-2026 само 24,95% од атмосферската мрежа и околу 73,77 % од фекалната мрежа се досега изградени. Должност ни е да обезбедиме основни услови за живот на скопјани, да ја елиминираме можноста пред секои избори нивните гласови да бидат купувани со ветувања за задоволување на основни човекови потреби.
  12. ЗА Предлоr-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Кисела Вода за изведба на фекална канализација во населба Градинар
  13. ЗА Предлог-одлука за ослободување од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште за доградба на основно училиште
  14. ЗА Предлог-одлука за примање на донација на теренско возило
    Ова е пикап возило за противпожарната единица.
  15. ЗА Предлог-одлука за поништување на постапка за експроnријација на недвижност во подрачјето на локалитетот Парк-шума Гази Баба
  16. 🤷‍♂️ ВОЗДРЖАНИ Предлог-одлука за давање на времено користење на движна ствар- возило на ЈСП Скопје-Скопје
    Станува збор за Volkswagen Passat возило, за кое советникот Јовановски праша за каква намена е и како „помага во потешкотиите на работењето на претпријатието“, не добивме одговор.
  17. ЗА Предлог-програма за Изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2022 година
  18. ЗА Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите во областа на сацијална, детска и здравствена заштита, ва град Скопје, во 2022 година
  19. ЗА Предлог-програма за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2022 година
  20. ЗА Предлог-програма на активности од областа на заштитата на животната средина на подрачјето на град Скопје за 2022 година
  21. ЗА Предлог-програма за vпшта туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите во град Скопје во 2022 година
  22. Предлог-Програма за поддршка на локалниот економски развој на град Скопје за 2022 година
  23. ЗА Предлог-програма за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2022 година
  24. ЗА Предлог-програма за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје за 2022 година
  25. ЗА Предлог-програмата за активностите на Град Скопје за саработка со здруженија и фондации во 2022 година
  26. ЗА Предлог-програма за управување и одржување на градските гробишта во град Скопје за 2022 година
  27. ЗА Предлог-програма за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2022 година
  28. ЗА Предлог-одлука за именување член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП Депонија Дрисла-Скопје
  29. ЗА Предлог-одлука за разрешување и именување член на Надзорниот одбор на ЈУ Културно информативен центар – Скопје
  30. 🤷‍♂️ ВОЗДРЖАНИ Предлог-одлука за давање согласност за преземање вработен за ЈП Градски паркинг -Скопје
    Немаме информации кое е ова лице, дали ги има соодветните знаења за таа позиција, и која е потребата на институцијата за негово вработување.
  31. 🤷‍♂️ ВОЗДРЖАНИ Предлог-одлука за давање согласност за преземање вработен
    Немаме информации кое е ова лице, дали ги има соодветните знаења за таа позиција, и која е потребата на институцијата за негово вработување.
  32. ЗА Предлог-одлука за давање согласност на Статутарна одлука за измена на Статутот на ЈП Водовод и канализација -Скопје
    Се менува Статутот на ЈП Водовод и канализација за да се овозможи производство на електрична енергија од обновливи извори не само од фотоволтаици, туку и од биогас кој ќе се произведува со пречистителната станица. ЗХГ ја поздравува одлуката за искористување на потенцијалите на обновливите извори за производство на ЕЕ. На овој начин не само што ќе се обезбеди енергетска независност на ЈП Водовод, туку претпријатието ќе генерира и огромни заштеди.
  33. ЗА Предлог-одлука за давање согласност на Статутарна одлука за измена и допvлнување на Статутот на ЈП Улици и патишта-Скопје
  34. ЗА Предлог-одлука за давање согласност на Програмата за инвестиции за 2022 година на ЈП Комунална Хигиена Скопје
  35. ЗА Предлог-одлука за давање согласност на Програмата на инвестиции за 2022 година на ЈП Градски паркинг -Скопје
  36. ЗА Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на вредност на бодот за пресметување на плати за 2022 година на ЈП Градски паркинг Скопје
  37. ПРОТИВ Предлог-одлука за давање на согласност на Одлуката за измена и дополнување на Ценовникот на услугите кои што ги извршува ЈП Градски паркинг Скопје
    Со намалување на цените на паркинзите се зголемува автоцентричноста во градот. Практика на сите европски градови е да се зголемува цената на паркингот, а да се вложува во подобар јавен превоз и велоинфраструктура. Скопје мора да се движи кон зелен и хуман град со помалку возила, а оваа одлука е спротивно на тоа.
  38. ЗА Предлог-одлука за давање согласност на Ценовник за уредување на јавни зелени површини со урбана опрема на ЈП Паркови и зеленило Скопје
  39. 🤷‍♂️ ВОЗДРЖАНИ Предлог-одлука за давање согласност на Програмата за дополнителни активности на ЈП Паркови и зеленило – Скопје, ва делот на одржување на јавни зелени површини на подрачјето на Град Скопје за период од 01.03.- 31.12.2022 година
  40. ЗА Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за донација на ЈП Водовод и канализација-Скопје
  41. 🤷‍♂️ ВОЗДРЖАНИ Предлог-одлука за давање согласност на Праграмата за дополнителни активности на ЈП Комунална Хигиена Скопје во делот на јавната чистота на подрачјето на градот Скопје за период од 01.03.2022 до 31.12.2022 година
  42. 🤷‍♂️ ВОЗДРЖАНИ Предлог-одлука за давање согласност на Програмата за дополнителни активности во делот на одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки и отворените канали на порачјето на град Скопје за период од 01.03 до 31.2022 година
  43. ЗА Предлог-одлука за давање согласност на Програмата за одрэкување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, отворените канали и расчистување на дивите депонии на подрачјето на Град Скопје, во 2022 година
  44. 🤷‍♂️ ВОЗДРЖАНИ Предлог-одлука за давање согласност на Програмата за работа и управување со отпад на ЈП Депонија Дрисла Скопје, за 2022 година
  45. ЗА Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за давање на донација на ЈП Улици и патишта Скопје
    По пожарот во просториите на ЈП Улици и патишта, ЈСП донира неколку парчиња на канцелариска опрема за да му помогне на претпријатието.
  46. ЗА Предлог-одлука за давање на согласност на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на плати за 2022 година на ЈП Лајка Скопје
  47. 🤷‍♂️ ВОЗДРЖАНИ Предлог-одлука за давање на согласност на Одлуката за изменување на Програмата за инвестиции во тековната 2022 година во ЈП депонија Дрисла – Скопје