Климатска криза
НАСА: Екстремни температури од над 40° измерени за прв пат во историјата

НАСА: Екстремни температури од над 40° измерени за прв пат во историјата

На 13ти јули 2022 година, сателитите на Земјата измерија температури кои се искачуваат над 40 степени Целзиусови поради екстремните, рекордни топлотни бранови низ поголемиот дел од Европа, Африка и Азија.

Објавата на НАСА е јасен показател дека опасностите од климатските промени станаа реалност.

Во јуни и јули 2022 година, топлотни бранови ги обвија Европа, Северна Африка, Блискиот Исток и Азија, како што температурите се искачија над 40 степени Целзиусови и соборија многу долгогодишни рекорди.

Мапата погоре ги прикажува температурите на површинскиот воздух низ поголемиот дел од источната хемисфера на 13 јули 2022 година. Направена е со комбинирање на набљудувањата преку глобалниот модел на Годард системот за набљудување на Земјата (GEOS), кој користи математички равенки за да ги претстави физичките процеси во атмосферата.

„Иако постои јасна шема на „атмосферски бран“ со наизменични топли (поцрвени) и студени (посини) вредности на различни локации, оваа голема област на екстремна (и рекордна) топлина е уште еден јасен показател дека емисиите на стакленички гасови од човечката активност предизвикува временски екстреми кои влијаат на нашите животни услови“,

изјави Стивен Паусон, шеф на Канцеларијата за глобално моделирање во Центарот за вселенски летови на НАСА Годард.

Во Западна Европа, која веќе беше во тешка суша, топлотниот бран ги поттикна пожарите што беснееја низ Португалија, Шпанија и делови од Франција.

Во Португалија, температурите достигнаа 45 степени Целзиусови на 13 јули во градот Леирија, каде изгореа повеќе од 3.000 хектари. Повеќе од половина од земјата беше во црвена тревога додека пожарникарите се бореа со 14 активни пожари.

Горенаведената слика ги прикажува локациите на откривање пожари во Португалија и Шпанија, како што е забележано од Видливиот инфрацрвен радиометарски инструмент (VIIRS) на сателитот Suomi NPP на 12 јули 2022 година. Истакнатите детекции на пожар западно од Мадрид го вклучуваат градот Лас Хурдес каде изгореа повеќе од 1.500 хектари.

Во Италија, рекордната топлина придонесе за падот на дел од глечерот Мармолада на Доломитите на 3 јули. Лавината од снег, мраз и карпи уби 11 планинари.

Во Обединетото Кралство, Метеоролошката канцеларија издаде предупредувања за екстремна топлина, бидејќи се очекуваше температурите да продолжат да се искачуваат, надминувајќи ги највисоките нивоа на сите времиња.

Во Северна Африка, Тунис претрпе топлотен бран и пожари кои го оштетија житото во земјата. На 13 јули во главниот град Тунис, температурата достигна 48 степени Целзиусови, соборувајќи го рекордот од 40 години.

Во Иран, температурите останаа високи во јули, откако кон крајот на јуни достигнаа жешки 52 степени Целзиусови.

Во Кина, летото донесе три топлотни бранови кои ги разораа патиштата топејќи го катранот од кој се направени, уништувајќи ги и ќерамидите на куќите. Опсерваторијата Шангај Ксуџиахуи, каде што се чуваат записи од 1873 година, ја забележа својата највисока температура досега: 40,9 степени Целзиусови на 13 јули 2022 година.

Високата влажност и точките на росење, заедно со топлите температури преку ноќ, создадоа потенцијално смртоносни услови.

„Таквата екстремна топлина има директно влијание врз здравјето на луѓето, како и има други последици, вклучително и овие пожари што се случуваат сега во Европа и Африка, а кои беа неконтролирани во изминатите неколку години во Северна Америка“,

изјави Паусон

Сликата во овој напис е од Земјината опсерваторија на НАСА од Џошуа Стивенс, користејќи податоци од GEOS-5 од Канцеларијата за глобално моделирање при НАСА GSFC и VIIRS податоци од дневна-ноќна лента од Националното партнерство за поларна орбита на Суоми


Оригиналната статија е напишана од Сара Е. Прат.

„Што го прави овој топол бран толку посебен?

-Тоа што не е само регионален топлотен бран како и обично. Овој пат е глобален.
Изгледа како еден од првите резултати од нашиот експеримент „Како да се зоврие планетата“.

Верувам дека најдоброто климатско решение би било временска машина каде што сите луѓе би можеле да го искусат светот за 20 или 30 години од сега, на сегашниот пат на климатските случувања… повеќето од нив најверојатно би се однесувале, гласале и работеле сосема поинаку денес. Сè додека немаме таква машина, единствениот начин е да им помогнеме на луѓето да ја разберат големата слика.“

Markus Sudhoff – CEO & Founder at Climate Founders GmbH