Езера
Пар древни езера: Охридско и Преспанско (пишува НАСА)

Пар древни езера: Охридско и Преспанско (пишува НАСА)

Охридското и Преспанското Езеро се две од најстарите езера во Европа и се наоѓаат во планинска област долж границите на Македонија, Албанија и Грција.

Езерата опстојуваат во оваа природа најмалку 1 милион години, а можеби и подолго.

Сензорот наречен The Operational Imager-2 (OLI-2) е еден од двата сензори прикачени на сателитот Landsat 9 кој се користи за набљудување и следење на површината на земјата со просторна резолуција од 30 метри видливост (NIR, SWIR); 100 метри термичка видливост (во длабочина); и 15 метри панхроматска (чувствителна на светлина од сите бои во видливиот спектар).

Ohridsko i Prespansko Ezero Nasa
Слика од Земјината опсерваторија на НАСА од Лорен Дофин, користејќи податоци на Landsat од Геолошкиот институт на САД.

Оваа слика со природна боја на езерата е направена токму од тој сензор на 19 август 2022 година. Охридското е поголемото и подлабоко од двете, со средна длабочина од 155 метри (509 стапки). А Преспанското езеро има средна длабочина од 14 метри (45 стапки).

Езерата и’ ја должат својата долговечност на одржливата (постојаната) тектонска активност што предизвикува земјиштето под нив да тоне, создавајќи грабени или ниски долини опкружени со раседи. Ова постојано ронење го спречува создавањето на седименти наталожени од растителниот свет, односно – го спречува претворањето на езерата во мочуришта со текот на времето, како што се случува со повеќето езера по неколку илјади години.

Повеќето од милионите езера во светот се стари помалку од 18.000 години и настанале кога глечерите се стопиле на крајот од последното ледено доба. Геолозите класифицираат само 30 езера како „древни“ езера, вклучувајќи ги Охридското и Преспанското – дефинирани од некои истражувачи како езера кои успеале да опстојат преку повеќе од еден циклус на ледено доба (и се стари над 130.000 години). Исто така, геолозите сметаат дека само околу 20 езера на Земјата (главно пронајдени во грабени), опстојуваат повеќе од 1 милион години!

Најголем дел од охридската вода доаѓа од подводни извори, но околу 20 проценти од неа се спушта и се влева од Преспа (која е на повисоката надморска височина), преку подземните карстни канали.

Меѓутоа, додека нивото на водата на Охридското Езеро остана релативно стабилно во последните децении, Преспа доживеа значителен пад и во површината и во обемот. Во една неодамнешна студија, базирана на речиси четири децении набљудувања од страна на Landsat телескопите, научниците објавија дека Преспанското Езеро изгубило 7 отсто од својата површина и половина од својот волумен помеѓу 1984 и 2020 година, најверојатно поради зголеменото повлекување вода за земјоделството.

Преспанско езеро

Водите на Охридското Езеро со ниски хранливи материи но со висока содржина на кислород поддржуваат повеќе од 1.200 видови растенија и животни, што му дава на езерото една од највисоките концентрации на биодиверзитет во светот.

Долговечноста на Охридското Езеро овозможи еволуција на 200 видови на живот кои ги нема никаде на друго место, вклучувајќи необични полжави, патки и пастрмка. Езерото е светско наследство на УНЕСКО, а понекогаш се нарекува и европски Галапагос или музеј на живи фосили поради неговата извонредна биолошка разновидност. 💙

Но езерата не се единствените локални богатства значајни по нивната возраст. Охрид, најголемиот град на езерото, е една од најстарите човечки населби во Европа. Го има најстариот словенски манастир и повеќе од 800 икони во византиски стил создадени помеѓу 11 и 14 век.

Манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ – Охрид

Во 2010 година, научниците од Меѓународната астрономска унија му го дадоа името Охрид на едно од езерата на Титан, најголемата месечина која ротира околу Сатурн.

Текстот е напишан и подготвен од Адам Војланд, а преземен и преведен од НАСА – линк до оригинален текст.