ЗХГ
Како малите зелени површини одржуваат ладовина во градовите?

Како малите зелени површини одржуваат ладовина во градовите?

  • За време на жешките топлотни бранови, највисоки температури често има во урбанизираните области каде постојните градежни материјали лесно ја примаат и ослободуваат топлината;
  • Врз основа на направените истражувања, малите зелени површини како дворови и покриви на неразвиено земјиште можат значително да ги намалат високите летни температури;
  • Според една неодамнешна студија приградските дворови и градини можат да ги намалат локалните температури на површината до 5 степени целзиусови;
  • Градовите треба да го зголемат садењето на различен вид на растенија, и подобро да управуваат со малите зелени површини за да го зголемат ефектот на „ладење“.

Врз основа на неодамнешниот извештај на Светската метеоролошка организација топлотните бранови се дефинирани како „најсмртоносната метеоролошка опасност“ од 2015 до 2019 година, која ги погодува луѓето што живеат на сите континенти и достигнува нови национални рекорди на топлина во многу региони.

Во 2021 година беше достигната рекордна топлина во Британска Колумбија, според извештајот спроведен од страна на Животната средина и Климатските промени во Канада“- Environment and Climate Change Canada. Како последица на достигнатата рекордна топлина, следниот ден избувна шумски пожар, кој уништи 90 проценти од градот, при што загинаа две лица, а 1.200 други беа мобилизарни за нивна безбедност.

Топлотните бранови секако имаат штетни последици по здравјето на луѓето и ги влошуваат постоечките здравствени проблеми како што се кардиоваскуларните и респираторните заболувања.

Се појавува зголемен психолошки стрес, агресивно однесување, како и прекумерна смртност.

За време на топлотните бранови, највисоките температури често се појавуваат во урбанизираните области, бидејќи урбанизацијата е речиси секогаш тесно поврзана со зголемување на асфалтираните, непропустливи површини, а со намалување на зеленилото.

Бетонот и асфалтот, како и другите градежни материјали, лесно апсорбираат, складираат и ослободуваат топлина, притоа зголемувајќи ги температурите во градот.

Феномен наречен „урбан топлински остров“.

Голем број на студии и анализи потвдија дека зелените површини можат да го намалат урбаниот топлински остров, па поради тоа многу од градските власти го фокусираат своето внимание токму на големи зелени површини.

Малите зелени површини, како што се дворовите, зелените покриви и малите парцели на неизградено земјиште носат импресивен придонес кон намалување на урбаната топлина, но тие често остануваат занемарени кога се развиваат стратегии за ладење на асфалтираните и густо-населени градови.

Ефектот на малите зелени површини

Градовите ретко имаат инфраструктурна можност да додадат големи зелени површини кои ќе им помогнат во спротивставувањето на ефектите од топлотните бранови. Меѓутоа, помалите простори со природна вегетација сè уште можат значително да ги намалат локалните температури на земјиштето!

Една неодамнешна студија во Аделаида, Австралија, покажа дека покривката од крошните на дрвјата и, во помала мера, тревната покривка ги намалува локалните дневни температури на површината до 6 Целзиусови степени за време на екстремните летни горештини. Додека пак во внатрешноста, приградските дворови и градини можат да ги намалат локалните температури до 5 целзиусови степени.

Скопје Сити Мол

Во прилично мал обем, од 10м2, дрвјата ја намалуваат дневната температура на површината двојно повеќе од тревната покривка. Но затоа пак, тревата и другите мали, грмушести растенија, растат релативно брзо, во споредба со дрвјата.

Градовите мора да усвојат краткорочни и долгорочни стратегии за да одговорат на екстремните горештини во градовите и урбаните средини.

Вклучително и замена на поплочените и непропустливи површини со трева, бусен и баз, како и зголемување на насадите на дрвја за да се зголеми покриеноста со сенки од нивните крошни.

Засилување на ефектот на ладење

Понатаму, при управување со мали зелени површини, градските планери и шумари можат да одберат различни видови дрвја врз основа на нивната моќ да ја ладат околината. Зелените површини со голема разновидност на дрвја и грмушести растенија имаат поголем ефект на ладење во пролет, лето и есен, во споредба со зелените површини без разновидна флора.

Парк „Авионче“ во Аеродром

На пример, крошнестите дрвја со големи лисја имаат и висока стапка на транспирација – процесот на испарување на водата од растенијата кој се одвива во лисјата – па бидејќи имаат лисја со голема површина, можат да обезбедат и повеќе транспирација, а со тоа и ладење на средината. 🌳💘

Структурата на зелениот простор може да влијае врз неговата „способност“ за ладење. Во лето, средината во која има различни видови дрвја, грмушки и тревки може дополнително да ја намали температурата на воздухот за 1 степен на сончев ден и 0,5 степен на облачен ден, во споредба со област во која доминираат само високи дрвја.

Категоризирање на дрвја

Распоредот на зелените површини, односно нивната просторна структура, е уште еден фактор кој треба да го земат предвид градските планери кога размислуваат за развивање на градот кон одржливо решение за одржување на пријатна клима со помош на малите зелени површини.

Кога зелените површини се нерамномерно распространети, нивниот придонес во намалување на летните температури е помал.

Истражувањето што беше спроведено во врска со просторната инфраструктура на зелените површини во два града, Балтимор, Мериленд, и Сакраменто, Калифорнија, покажа различни резултати. Истражувачите го утврдија вкупниот периметар на зелени површини и го измерија „ефектот“ на ладење, кој во Балтимор беше на пониско ниво а во Сакраменто на повисоко. 

Генерално, дрвјата обично имаат посилен ефект на ладење отколку тревата. За регулирање на микроклимата (локални климатски услови во близина на површината на Земјата) се препорачува садење дрвја во поголеми групи, а не поединечно.

Малите зелени површини можат да придонесат до свежо-летно разладување во градовите. И градовите можат да научат подобро да управуваат со малите зелени површини за да добијат повеќе придобивки од ладењето.

Линк до оригинален текст.

Преведено од Љупка Јаневска 👧🏻 – дипломиран правник (специјалист по право) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Интереси: Пишување ✍️, планинарење⛰️, читање книги 📖.