Седници
Советнички прашања и прашања од граѓани од 17-тата седница на Советот на Град Скопје

Советнички прашања и прашања од граѓани од 17-тата седница на Советот на Град Скопје

Горјан Јовановски

1) До ЈП Паркови и зеленило
Во градски парк посетителите често среќаваат моторни возила, камиони и мотори како влегуваат преку отворената рампа кај стариот Луна Парк. Тие возила неовластено се паркираат низ целиот парк, загрозувајќи ја безбедноста на посетителите.

Како, и кога, ќе се затворат влезовите за возила во градскиот парк, и истите да се регулираат само за оние кои имаат дозовла?

2) До Градоначалничката и до ЈСП
До каде е планот за реализација на подобрениот јавен превоз? Дали поради кризата тој ќе се реализира или одложи?
Со оглед дека на 21 април 2021 г. договорот за заем за проектот „брз автобуски превоз“ го потпишаа тогашниот градоначалник Петре Шилегов, министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси – барам да ми се достави копија од потпишаниот договор со цел да се утврдат фактите.

Одговор (26.09): https://drive.google.com/file/d/1BHKPMnwUzqOZ13UyHnfVZ8-0wPqa7Sny/view?usp=sharing

3) До ЈП Водовод и Раководител на сектор за правни работи/Раководител на сектор за комунални работи
Во законот за задолжување за пречистителната станица кај ЕБОР, во чл. 3, ст. (4) стои дека Македонија ќе ѝ плаќа на Европската банка за обнова и развој провизија во висина од 0,5% од неповлечениот дел од заемот на годишно ниво. Но во законот за задолжување за пречистителната станица кај Европската инвестициска банка не постои ваква информација.

Дали во ЈП Водовод/Градот постојат копии од договорите потпишани за пречистителната станица меѓу Министерството за финансии и Европска банка за обнова и развој (58 милиони евра кредит + 10 мил. евра грант) од една страна и МзФ и Европска инвестициска банка од друга страна (68 милиони евра) во вкупен износ од 136 милиони евра задолжување.

Одговор (28.09): https://drive.google.com/file/d/1lh2Dumj1S_HZ_25HA2c5SmBxveJ9FkCB/view?usp=sharing


Драгана Велковска

1) До ЈП Градски паркинг
Паркингот во Клинички Центар се соочува со големи проблеми, вклучително и пренатрупаност на возила, што превенира вработените да може да најдат паркинг место (посебно дежурните за кое плаќаат годишна карта), а амбулантните возила да поминат низ паркингот до соодветните клиники. За ова добиваме поплаки директно од вработени од клиничкиот центар.

На кој начин претпријатието во моментов работи за да го надмине овој проблем? Сакам конкретни рокови кога овој проблем ќе биде надминат, не дека „работите се во тек“. Верувам дека технички не е комплексно да се лимитираат возила кои не треба да се таму.

2) До ЈП Комунална хигиена
На повеќе локации низ Скопје, скопјани се попречени да се движат по пешачките патеки и вело-лентите поради контејнери кои се поставени врз нив.

Кога е во план да се релоцираат сите контејнери кои се поставени на несоодветни места, бидејќи на некои места тоа значи загрозување на безбедноста на пешаците и велосипедистите?

Одговор (07.10): https://drive.google.com/file/d/12M1oyPOxsUjMXhi4Bj7gPmgkbaSPxI0Z/view?usp=sharing

3) До ЈП Паркови и зеленило / Секторот за комунални работи
Прашање за паркот во Стар Аеродром, во близина на Рептил маркетот на ул. Пандил Шишков, чие уредување со реквизити го направи општината, но зеленилото остана да го направи градот, како и чешмите. Овој парк дел од меѓуопштинската соработка на Град Скопје и 10-те скопски општини, каде градот е задолжен да го направи зеленилото и постави хидрантска мрежа за чешми во овие паркови.

Прашањето е кога би се реализирала активноста во овој парк и кога ќе можат граѓаните да бидат сигурни дека ќе го имаат зеленилото и чешмите вода? Барам конкретен и реален датум за реализација.

Одговор (28.09): https://drive.google.com/file/d/1O6ttpCdMw86iyU9svwDJcu29GRcqubDl/view?usp=sharing