1. Драгана Велковска
Образование, професија и работно искуство:
Членка на Совет на Град Скопје (2017-2021), дипломиран филолог, овластен судски преведувач, извршна директорка на „Е.Д.Е.Н.“ и основач на првиот етички ресторан за веганска храна „Веган365Кујна“.
Претходно учество во социјални движења и активизам:
Спасувам животни од најрана возраст. Првпат почнав да волонтирам како дел од организирана група во АНИМА МУНДИ во 2010 г. – освен теренски, работев на унапредување на легислативата за хуман третман на животните. Бев главен организатор на првиот Вегефест. Во 2014 г. го основавме Здружението за заштита на животни и животна средина Е.Д.Е.Н. за да се посветиме и на заштита на животната средина. Во 2015 г., Е.Д.Е.Н. заедно со охриѓани, професори и самостојни активисти ја основаше Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ – неформална активистичка група светски препознаена по својата експертиза и бескомпромисна борба за заштита на единствениот УНЕСКО Регион во Македонија.
За што се залагам во политиката:
Се залагам за етички третман на луѓето, животната средина и животните. Должност на секој советник е да го подобри животот на граѓаните. Затоа, мојата улога во Советот ја гледам како канал за пренесување на потребите на граѓаните, но и како заштитник на принципите на одржлив развој. За да го постигнам тоа постојано се едуцирам, се консултирам со врвни експерти за сите прашања под надлежност на Градот и целам во Советот да ги понудам најдобрите решенија.
Локални теми што најмногу ме интересираат:
Унапредување на квалитетот на живот на жителите на Скопје ми е приоритет. Затоа ми се најважни: редуцирање на социјалната раслоеност преку овозможување енергетска независност на социјално загрозени категории на граѓани, отворање градски кујни итн.; заштита на животната средина преку сфери под надлежност на Град Скопје (управување со отпад, локална економија, урбана мобилност, урбан развој) кои се планирани и спроведувани низ призмата на одржливиот развој; хумана контрола на бездомните животни и хуман третман на животните воопшто.
Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:
Најпрво целосно отворање на Советот на Град Скопје за граѓаните со обезбедување механизми за директна демократија. Потоа во соработка со најдобрите експерти во својата област, следејќи ги како приоритет принципите на одржлив развој и праведна транзиција, би се залагала за создавање стручна развојна стратегија и акциски план за Град Скопје со визија најмалку за следните 100 години и би се борела буџетот на Градот да ја отсликува таа стратегија за да се гарантираат благосостојбата и квалитетот на живот. Во моментов Градот Скопје има стратегии, програми и планови, но распоредот на буџетските средства претставува нивна суштинска спротивност.
Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:
Јас сум еден од основачите на ЗХГ и сум во групата поради хоризонталната структура, принципите на инклузивност, солидарност и транспарентност. Хоризонталното самоорганизирање на локалните заедници е највисокиот степен на политичка свест, но за да биде успешно, потребна е зрелост кај членовите на таа заедница. Меѓу основачите на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД таа зрелост постои и е одразена во начинот на носење на одлуките - без навреди, без насилничко надгласување, туку на база на аргументи и научно-базирани докази во една цивилизирана дебата во која секогаш се почитува и достоинствено се третира соговорникот.

ФБ профил:
Линк