Решенија за интервенција врз зеленило
За секоја интервенција врз зеленило (сечење, кастрење, пресадување) на територијата на Скопје, Секторот за комунални работи при Град Скопје е задолжен да издаде решение. Тоа решение се објавува на сајтот од градот, и секој жител на Македонија во рок од 15 дена има право да го обжали истото пред Министерството за животна средина.
Што да направиш во случај да видиш екипа која интервенира врз зеленило
- Провери дали дрвјата имаат со црвен сперј маркирано К за кастрење или С за сечење. Ако немаат, не може да интервенираат.
-
Потоа, провери на на оваа листа дали ќе најдеш решение за локацијата за која станува збор.
- Ако има, прочитај го убаво и види дали истото се следи на терен. Исто, провери до кога важи решението, и дали е истечено.
- Ако нема на сајтот, љубезно побарај го од дечките на терен. Мора да ти го приложат. Потоа, види ја точка 2.1
- Ако немаат ни они решение, побарај да ја запрат веднаш работата дур не ти покажат решение, и јави се на Инспекторат на град скопје на дежнурниот број: 072 898 898
Клучни совети:
- Документирај го со слики и видеа процесот за да имаш докази.
- „Имаме усна наредба“ не значи ништо. Само секторот за комунални работи со решение (со потпис и печат) важи, ништо друго.
- Не предизвикувај инциденти со физички и вербални пресметки. Ако се осеќаш загрозено побарај полициска асистенција на 112.
ЗХГ ја создаде оваа страна со цел полесен преглед врз сите издадени решенија, за да го заштитиме зеленилото во Скопје. Листата се освежува автоматски на секои 15 минути.
Објавено | Решение | Mapa | Локација |
---|