види ги сите кандидати

Горјан Јовановски е на реден број 2 од советничката листа за Град Скопје на Зелен Хуман Град.
Образование, професија и работно искуство:

Магистриран софтверски инженер на University of Amsterdam, 4 години во Booking.com како програмер и тим менаџер. Претприемач и јавен говорник со сопствен TED говор на тема „Аерозагадувањето во Скопје“.

Претходно учество во социјални движења и активизам:

Креатор на апликацијата МојВоздух/AirCare, која има над 500.000 корисници, и 20+ награди од организации како UN. Преку неа, 7 години се борам за чист воздух во Скопје и во Македонија. Ја користам технологијата за добро, и дополнително сум креатор на проекти како МојМиленик, Рециклирај.мк, Волонтирам.мк, Мапа на Загадувачи....

За што се залагам во политиката:

Политиката, посебно на локално ниво (како градскиот совет), треба да се одредува од експерти и активисти, оние што најмногу се имаат залагано за битни локални теми целосно волонтерски, а не платено. Само такви, докажани личности може да имаат чист образ да вистински работат во полза на општото добро.

Локални теми што најмногу ме интересираат:

Заштитата на животната средина, посебно преку борбата со аерозагадувањето и зголемувањето на зеленилото и зелените површини. Намалување на автоцентризмот на Скопје, и вистинско претворање на градот во вело-град. Вистинско справување со ѓубрето, преку селекција, рециклирање и компостирање.

Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:

Имам живеено 4 години во Амстердам, и би сакал локалните решенија што ги имам видено таму, да ги видам имплементирани и во Скопје. Со помош на технологијата, би сакал да ја направам градската администрација цлеосно транспарентна, и секое нејзино работење да биде видливо онлајн за секој граѓанин. Нели викаме „дај бе логично е тоа да се направи“ - епа такви проекти сакам да видам реализирани.

Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:

Јас сум еден од основачите на ЗХГ, и длабоко им верувам на сите членови и организации на оваа не-партиска листа, бидејќи сите од нас работиме искрено, со чиста совест и исклучиво за општото и јавно добро. Долги години сме биле волонтери, кои несебично сме го давале своето време, труд и пари за да постигнеме позитивни цели во Скопје. Сега е време да го направиме тоа на едно повисоко ниво!


ФБ профил:
Линк