види ги сите кандидати

Анета Дарковска е на реден број 37 од советничката листа за Град Скопје на Зелен Хуман Град.
Кандидатот е дел од листата преку отворениот граѓански повик на ЗХГ наречен МојКандидат.
Образование, професија и работно искуство:

Дипломиран археолог на Филозофски факултет во Скопје, повеќе години работам како графички дизајнер во странска ИТ компанија. Имам посетувано неколку курсеви за странски јазици, web дизајн, маркетинг и онлајн маркетинг.

Претходно учество во социјални движења и активизам:

Активист за животински права, волонтер за спасување, лечење, привремено чување и вдомување на животни. Кратко волонтерство за помош за совладување на наставните содржини со деца од училишна возраст од ромската заедница.

За што се залагам во политиката:

Да придонесува за решавање на проблемите на граѓаните и согледување на вистинските потреби, воведување на решенија кои промовираат одговорни граѓани кои се грижат за својата околина. Сметам дека ако секој од нас даде свој придонес можеме многу да промениме.

Локални теми што најмногу ме интересираат:

Животински права и решавање на проблемите кои произлегуваат од неодговорното сопствеништво, еко решенија кои придонесуваат за намалување на загадувањето и управување со отпадот, инфраструктура која олеснува употреба на велосипеди и алтернативни начини за превоз.

Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:

На Скопје му се потребни одговорни луѓе кои ќе си ја вршат својата работа одговорно, водени од интересите на граѓаните и општото добро. Токму тоа и би го правела, би работела за доброто на сите.

Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:

Затоа што ЗХГ се активисти водени од искрени побуди, одговорни луѓе кои имаат идеи за подобро живеење и кои веќе континуирано работат на решавање на проблемите, не само во краток период пред избори.


ФБ профил:
Линк