32. Јана Василевска
Образование, професија и работно искуство:
Магистер по меѓународен бизнис и јазици, со 5 години работно искуство во меѓународен сектор за развој и фокус на ПР и комуникации.
Претходно учество во социјални движења и активизам:
Ученички и студентски отпор, Го сакам ГТЦ, Протестирам, Шарена Револуција, бројни протести за заштита на животните и подобрување на атмосферскиот воздух во Скопје и активно учество во Петоци за Иднината
За што се залагам во политиката:
Не верувам во политика и застарени идеологии, верувам дека во 21 век имаме потреба од прагматизам, размислување 3 чекори понапред за секоја постапка која имаме намера да ја спроведеме и создавање на визија за одржлив, инклузивен и хуман свет. Советникот треба да има целосна слика за комплексноста на социо-економско-еколошките односи и последиците од секоја активност на Градот/општината врз секој од овие елементи и да се залага за решенија кои на долг рок се плански и одржливо обмислени за да обезбедат прогресивно зголемување на квалитетот на живот за сите граѓани.
Локални теми што најмногу ме интересираат:
Климатска реформа - одржливи решенија за намалување на издувни гасови од индустрија, возила и огрев, особен фокус на изнаоѓање решение за намалување на пожари кои потекнуваат од несовесно и свесно спалување на земјоделски и комунален отпад во околината на градот. Управување со цврст и органски отпад. Фер домување и заштита на животни.
Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:
Укинување на пластика за една употреба на ниво на град. Воспоставување на дежурна ветеринарна служба на терен за домашни и бездомни животни како една од реформите на Лајка и/или основање на фонд за итна помош на бездомни животни кој би бил достапен на активисти во случаи кога пружиле итна ветеринарна помош на повредено или болно животно. Изнаоѓање урбанистички одржливи решенија за намалување на климатските последици, но и намалување на причините кои водат кон глобално затоплување.
Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:
Бидејќи сметам дека е време да излеземе од волшебниот политички круг и да влеземе во ера на предавање на градската и општинската работа на луѓе кои нудат транспарентни, од дното-нагоре решенија во соработка со експерти за секоја област за која е надлежен градот.

ФБ профил:
Линк