8. Мартин Анастасовски
Образование, професија и работно искуство:
Мартин Анастасовски има диплома по политички науки и меѓународни односи и има работно искуство во приватната и невладината сфера како автор и преведувач. Како дополнително и неформално образование, Мартин има сертификати за решавање на конфликти и изучување на историјата и сегашноста преку анализа на споменици - стекнати од меѓународно-признаени организации. Бил учесник на неколку меѓународни студентски конференции и работитлници. Мартин е автор на подкастот (радио емисија) „Збориме реално“. Мартин е родител на две деца.
Претходно учество во социјални движења и активизам:
Во 2013 Мартин започна со индивидуално собирање на отпад од патеките на Водно и Матка. Оваа волонтерска дејност ја продолжи со посета на Маркови Кули каде што заедно со гости од странски земји беше исчистена од смет поголемиот дел од главната патека што води до манастирот на Трескавец. Мартин го помогна основањето на младинскиот извиднички одред во населба Шуто Оризари, започна волонтерски повик за помош на настраданите од поплавите во 2016, организираше марш низ Скопје за заштита на шумите во скопскиот регион, и други иницијативи.
За што се залагам во политиката:
Како изучувач на политичката теорија, Мартин Анастасовски верува дека општеството може да достигне видно ниво на соживот преку разбирање, почитување и вреднување на различностите кај луѓето - индивидуални, верски, етнички, историски, културолошки, родови и друго. 21 век е доба на многу предизвици кои создаваат внатрешна поделба кај поединецот која може да доведе до близу-патолошки немири. Мартин смета дека политичките партии, во соработка со невладиниот сектор и граѓанските организации, треба заедно да помогнат во создавање на општество што се заснова на вредности, кое е врамнотежено, работливо, ненасилно, рефлексивно и хумано односно општество што се грижи за секој негов член.
Локални теми што најмногу ме интересираат:
Во однос на работењето на советот на Град Скопје, Мартин смета дека тој треба да биде особено заинтересиран за животната средина и безбедноста на граѓаните. На прво место, во тој поглед, се прашањата за заштита на воздухот, водата, зеленилото и почвата од загадување и уништување. Безбедноста на улиците и на децата, како и зелената економија, се исто така високо на листата на прашања што градскиот совет мора да ги има во предвид на секое заседавање.
Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:
Мојот роден град го замислувам како безбедно и современо место за живеење. Преку моите заложби Скопје ќе биде зелен и чист град, врамнотежен, со пешачки зони и одличен јавен превоз, инфраструктура за велосипеди и безбедни улици. Скопје ќе има стимулативни игралишта за деца и површини и установи за млади лица, иновативни бизниси и можности за локално производство преку зелени и одржливи технологии.
Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:
За советот на Град Скопје се кандидирам преку Зелен Хуман Град затоа што сметам дека иднината на демократијата во Македонија зависи од учеството на независните групи кои ќе им овозможат на граѓаните да земат учество во носењето одлуки и во одржување на рамнотежата помеѓу приватните интереси и интересот за здраво, одржливо и исполнително живеење. Зелен Хуман Град има потенцијал да внесе демократија во советот на Град Скопје каде што одлуките, до сега, зависеа исклучиво од интересите на политичките партии.

ФБ профил:
Линк