18. Симон Шандуловски
Образование, професија и работно искуство:
Дипломиран електро инженер без големо работно искуство во полето во кое дипломирав. Низ годините околностите и интересите ме водеа низ неколку полиња, а сепак најдолго се задржав во индустријата за визуелни ефекти
Претходно учество во социјални движења и активизам:
Учесник на голем број протести и движења; од ученички и студентски протести уште во помладите години, се до Шарена Револуција (без скриени намери да се дограбам до фотелја... :) ), Петоци за Иднината, протести против полициска бруталност, итн.
За што се залагам во политиката:
Нашето досегашно искуство во земјава ни покажа дека од политика обичниот народ нема корист. Би било идеално доколку мислењата и потребите на најголемиот дел од граѓаните се земат предвид, наспроти партиските агенди и наредби.
Локални теми што најмногу ме интересираат:
Решавање на проблемот со загадениот воздух како број еден приоритет! Некако излишно ми е да се фокусираме на други теми и да се трга фокусот од ова, кога е буквално најнеопходното нешто. И секако одговорност за сите кои свесно придонеле (и свесно премолчиле)
Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:
Како дополнување на решавање на проблемот со загадувањето, општо подобрување на секојдневието - почиста околина, поригорозни закони во сообраќајот, целосна одговорност од надлежните - комплетна транспарентност во работењето и трошењето на парите на народот, како и сносење на одговорност доколку ја изневерат довербата со која биле поставени на позиција
Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:
Верувам во дечките и девојките од ЗХГ - убеден сум дека имаат искрени намери да направат нешто добро за сите, што за жал не може да се каже за веќе видените "партиски војници"

ФБ профил:
Линк