види ги сите кандидати

Марко Дода е на реден број 30 од советничката листа за Град Скопје на Зелен Хуман Град.
Кандидатот е дел од листата преку отворениот граѓански повик на ЗХГ наречен МојКандидат.
Образование, професија и работно искуство:

FINKI на пауза, неколку online курсови и многу „чепкање“ по дома и во Скопскиот Хаклаб 6 години искувство како sysadmin/devops, работа со голем дијапазон на технологии и доста време вложено во програмирање за автоматизација.

Претходно учество во социјални движења и активизам:

Како неформален член на Културно Ехо се грижам за IT потребите на организацијата. Одев на протестите на Шарена Револуција се дур не дојдоа луѓе пратени од партија, а со нив фрижидерите со сладолед и семкарите.

За што се залагам во политиката:

Сметам дека политиката не треба да има голем удел во функцирањето на еден град. Потребно е да се има агенда која ќе издржи повеќе од еден мандат и таа да се имплементира

Локални теми што најмногу ме интересираат:

Загаденоста на воздухот, посебно блокирото струење на воздух по течението на Вардар. Јавниот превоз и како да се забрза движењето низ дневните шпицови Урбанистички планови кои не оставаат простор за зеленило, ниту за нормален видик од тераса.

Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:

Освен очигледните, како подобрување на квалитетот на воздухот, решавање на проблемите со сообраќајот и непланското радење би се фокусирал и на мали не толку приметни работи кои би го подобриле животот во Скопје

Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:

Сите други политички субјекти се политички партии колку што знам, и немаат јавно гласање


ФБ профил:
Линк