види ги сите кандидати

Ивана Дракулевска е на реден број 34 од советничката листа за Град Скопје на Зелен Хуман Град.
Кандидатот е дел од листата преку отворениот граѓански повик на ЗХГ наречен МојКандидат.
Образование, професија и работно искуство:

Дипломирав на катедрата за англиски јазик и книжевност (Блаже Конески, Скопје), каде имав чест да учам од (за мене) најинтелигентните и прогресивни луѓе на нашево поднебје, и учествувам во секојдневна дикусија и критика со нив при обработка на книжевни дела. Го продолжив образованието на институтот за Дигитален Маркетинг во Ирска преку онлајн програма овозможена од Галексија и денес работам како SEO во Sales.Rocks уживајќи во тоа што го правам секој ден.

Претходно учество во социјални движења и активизам:

Шарена Револуција (во тоа време работев како новинар за tocka.com па сликав, напишав и објавив статија), учествував во протестот против убиството на кучето на Ленинова (напишав статија и за тој немил настан). Заедно со моите пријатели, изминатите 10 години возиме велосипед секоја последна среда во месецот на Критчна Маса изминативе со цел да им дадеме до знаење на надлежните дека би сакале да се овозможат подобри услови за велосипедизам и неодамна бев дел од акцијата против сечење на дрвјата на Орце Николов.

За што се залагам во политиката:

Освен што ја следам светската и домашната политика во оние сегменти кои лично мене ме интересираат, политички сум неука. Тоа што го знам е дека политиката е создадена да му служи на народот во општеството, меѓутоа не разбирам кога како луѓе се договоривме дека ќе ја користиме за задоволување на своите лични интереси и акумулирање на моќ и пари, а народот ќе мора да се помири со тоа како да е факт врежан во камен? Бидејќи политиката е само поим измислен од човек, може да почнеме да ја гледаме и како жива и флексибилна материја обликувана да ни служи нам.

Локални теми што најмногу ме интересираат:

Суштинските работи - Здравје, квалитет на живот, слобода да се биде и да се има. Образованието! Третманот кон околината и кон останатите живи суштества со кои ја делиме (луѓе, животни, растенија). Обезбедување на основните бенефити на современ живот во јавните објекти - државни болници, училишта, градинки, зоолошката градина! и јавните простори за лица со попреченост.

Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:

Ова не беше моја идеја. И јас сум изненадена од сама себе дека се кандидирам, но навистина би сакала да вложам дел од свето време и енергија кон подобрување на квалитетот на животот на својата околина, за себе и за останатите - доколку ми дадете шанса секако:) и да продолжам да го правам истото како и до сега, само што можеби со поголем ефект?

Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:

Бидејќи не ја разбирам традиционалната политика. Не ја разбирам логиката да се оди против друг кога сите сме тука заедно. Не го разбирам правењето будала сам од себе пред очите и ушите на интелигентни луѓе за акумулација на материјални добра. Не разбирам зошто билокој би требало да страда или да живее во немаштија кога има доволно за сите?


ФБ профил:
Линк