26. Горан (Був) Стојановски
Образование, професија и работно искуство:
Средно образование. Мојот занает го започнав пред 20тата година како самоук ИТ инженер. Мојата специјализација секогаш ја достигнувам преку работното искуство, кое во изминативе 15 години е доста разноврсно но секогаш во ИТ индустријата. Хронолошки, System Administrator, Cyber-security Engineer, DevOps, Developer.
Претходно учество во социјални движења и активизам:
Како индивидуален активист се обидував да го "омекнам" процесот за дигитализација на основното образование при корона кризата. Бев неколку дневен волонтер во ОУ Вера Циривири со цел да им помогнам на наставниците во користење на компјутерите и отстранување на технички проблеми. Потоа ја водев акцијата за оспособување на стари компјутери и нивно донирање во класот на мојот син.
За што се залагам во политиката:
Да се прекрши оваа надолна линија на недоверба и безнадежност што граѓаните ја чувствуваат од политичката елита. Себеси се гледам како центрист, бидејќи не се пронаоѓам целосно ниту во левата а уште помалку во десната идеологија. Советникот треба да ги застапува интересите на своите граѓани и да чувствува одговорност кон нив дека прави се во своја моќ да го подобри секојдневниот живот на истите.
Локални теми што најмногу ме интересираат:
Обновливи извори на енергија, чист воздух а со него и околина, намалување на отпадот, велосипедска инфраструктура, дигитално општество и паметни градови.
Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:
Позитивен напредок во работењето на локалната самоуправа со придонес на моите гореспоменати интереси и вештини.
Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:
ЗХГ ги гледам како свежина во нашиот етер, некои кои навистина знаат што е демократија и сакаат да направат промени при искрени намери.

ФБ профил:
Линк