10. Лазе Трипков
Образование, професија и работно искуство:
12 години работно искуство во високото образование во Македонија, Црна Гора и Чешка, а моментално работам како вонреден професор на Факултетот за Уметност и дизајн на Меѓународниот Балкански Универзитет. Во период од 1998-2004 ги завршувам основните и магистерските студии во Варшава, Полска на Академијата за убави ументости. По враќањето во Македонија во 2005 иницирам повеќе меѓународни проекти и изложби.
Претходно учество во социјални движења и активизам:
Раководам со здружението на граѓани ПЛАКАРТ од 2007 која се залага за промовирање на социјални теми преку дизајн и сум дел од иницијативниот одбор на граѓанската иницијатива „Расадник на можност, за хуман живот во Кисела Вода„.
За што се залагам во политиката:
За поттикнување и креирање на политики за паметни и самоодржливи општини и град, за јавна доверба и локален кредибилитет на применливи и функционални решенија и за проактивно вклучување на заедницата во креирањето и развојот на градот.
Локални теми што најмногу ме интересираат:
Пред се' здрава и чиста средина, јавното образование, културата и културните политики, екологијата и социјалната нееднаквоста
Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:
Мислата дека градот во кој растат моите деца, ме поттикнува да создавам можности и да придонесувам кон безбедно, хумано и здраво опкружување. Го гледам Расадник и Кисела Вода како општина која ќе поддржува и инспирира промени и град, во кој секој граѓанин, ќе придонесува активно во креирање и поттикнување на решенија за својата иднина.
Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:
Пристапот и страста за делување ми влева надеж и ми дава поттик дека со овој нов, отворен и различен концепт може да се влијае за реалните промени

ФБ профил:
Линк