види ги сите кандидати

Наталија Бургиева е на реден број 3 од советничката листа за Град Скопје на Зелен Хуман Град.
Образование, професија и работно искуство:

Економист, со над 15 годишно работно искуство која пред неколку години самоиницијативно почнува да се едуцира за органско производство на храна, нула отпад и циркуларна економија. Ја основа Мама Органа, компанија која од отпад од храна, произведува органски ѓубрива и обезбедува работни места за социјално загрозени лица. Досега со бизнис моделот на Мама Органа има освоено повеќе награди во Македонија и во Европа, а работи и како едукатор за органско производство храна и ментор за социјални бизниси.


Претходно учество во социјални движења и активизам:

Долгогодишен граѓански активист и борец за социјална правда. Учествува во сите протести и митинзи поврзани со животната средина и климатски промени. Од 2016 година активно работи на промоција на Целите за одржлив развој на ОН, за што се стекнува со награда „Предводник на одржлив развој“ доделена од „Конект“. Учествува во создавањето на мрежата на социјални претпријатија и промовира реупотреба на ресурси и општествена одговорност. Активен член во здружението за одржлив развој О-круг од Скопје.

За што се залагам во политиката:

Сакам социјална правда-еднаквост за сите. Убаво е кога општествените интереси се над личните по било кој основ и верувам дека само така заедницата ќе биде подеднакво убава за сите. Такво Скопје сакам.


Локални теми што најмногу ме интересираат:

Изнаоѓање на иновативни решенија за намалување на отпадот во градот. Практикување на циркуларни економски принципи како одговор на климатската криза и гладот. Креирање на урбани градини и социјални бизниси со цел намалување на сиромаштијата. Инклузивност. 


Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:

Не трпам неправда и дискриминација по никаков основ, а многу сакам кога сите имаат еднакви услови и шанси. Сакам чиста околина и одржлив град. Овие принципи сакам да ги пренесам на околината преку директно влијание на одлуките на Градот.

Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:

Во групата сум од самиот почеток. Учествував со предлог за решение на отпадот на првиот буџетски форум кој се одржа во Септември минатата година, а го организираше Зелен Хуман Град и се најдов во група истомисленици, кои исто колку и јас сакаат Скопје да биде убаво, зелено и хумано место. Групата ни растеше органски, делувавме самоиницијативно и си докажавме дека можеме да постигнеме многу, тука е моето место: сакам #зеленхуманград


ФБ профил:
Линк