4. Марјан Калевски
Образование, професија и работно искуство:
Еден од основачите на Здружението за заштита на животни и животна средина Е.Д.Е.Н. и граѓанските иницијативи Зелен Хуман Град и Охрид SOS, магистриран класичен филолог.
Претходно учество во социјални движења и активизам:
Долги години сум активист за заштита на животната средина и заштита на животните, член на повеќе иницијативи. Учесник на повеќе протести против неправди и дел од организаторите на неколку протести против загадување и против насилство врз животни. Во 2016 година магистрирав на тема за етичкото вегетеријанство во антиката и гледиштата на древните мудреци за живеење во хармонија со природата. Сите живееме заеднички на овој свет, некој пократко, некој подолго. Едни придонесуваат за уништување на животната средина, други секојдневно се борат да ја заштитат. Постојат разни видови организми кои живеат само по неколку недели, а ја облагородуваат природата многу повеќе од други. Луѓето се едни од оние суштества кои имаат најдолг животен век и располагаат со секакви средства и видови интелигенција, а за жал имаат извртено гледање и начин на делување врз флората и фауната. Треба да постои почитување на природата и сите видови суштества, а не експлоатација и зацртано или незацртано уништување бидејќи животот на земјата е скроен за една целина, не само за еден вид.
За што се залагам во политиката:
Подобрување на животот во заедницата и заштита на природата и животните. Напуштање на тенденцијата за дефакторизација на опозицијата и конечно воспоставување отворена соработка меѓу различните политички актери за изнаоѓање на најдобрите решенија кои водат во насока на паметно управување со градот и одржливиот развој.
Локални теми што најмногу ме интересираат:
Зеленило, нула отпад, обновлива енергија и стоп за бетонизација! Прекумерната бетонизација и незаконското градење го направи Скопје неподносливо место за живот. Мора да се стави крај на издавање градежни дозволи по моделот на Љубљана и да се инвестира во зазеленување на градот. Мора конечно градовите и државата да почнат да размислуваат за иднината и да направат и имплементираат планови за борба против глобалното затоплување зашто температурите ќе растат сè повеќе и сè повеќе ќе има елементарни непогоди како што имаше пожари во Македонија и поплави во Германија, а сиромашните држави ќе сносат најголеми последици.
Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:
Воспоставување на темелите на систем за елеминирање на отпадот по принципот на Нула отпад: 1. За почеток да се елиминира најголемиот процент од отпадот од вкупниот комунален отпад, а тоа е биоотпадот (мин. 60% од вкупниот отпад) и да се прават компостари за биоотпад во секое маало што ќе бидат достапни за секое домаќинство и селекцијата да се одвива на највисоко можно ниво. 2. Да се отворат индустриски капацитети (во сопственост на градот/државата) кои со механичка обработка ќе претвораат шут во репроматеријал наместо да се трошат непотребни средства за правење депонии и управување со нив. 3. Да се воспостави систем и капацитети за селектирање/рециклирање на пластика/лименки и хартија (во сопственост на градот/државата).
Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:
Затоа што со голем дел од активистите и организациите кои се дел од Зелен Хуман Град сум се запознал низ годините во активистичкото делување за подобрување на животот во Скопје и земјата и ако има некој што може да направи промена, тврдам дека тоа е заедницата на овие луѓе. Со платформата МојГрад ни се приклучија многу нови лица кои исто така се големи ентузијасти, експерти и активисти што сакаат да се вклучат во менување на системот и ставање крај на незаузданата бетонизација, непреземањето мерки за намалување на загадувањето на воздухот и потфрлањето во управувањето со отпадот што ни го претвори градот во нехумано место за живеење.

ФБ профил:
Линк