7. Мила Јовановска
Образование, професија и работно искуство:
Дипломиран толкувач француски-англиски-македонски, во завршен процес на магистерски студии по Стратешки комуникации. Работно искуство: комуникации и претседател во Гоу Грин, претходно во АЕГЕЕ Скопје, програмски асистент во АРНО, професор по француски јаизк (Меѓународно училиште НОВА, приватни училишта за странски јазици)
Претходно учество во социјални движења и активизам:
Во граѓански сектор започнав со дејствување уште на 15 години преку учество на работилници и младински размени а потоа и со активен ангажман во структурите. Сум учествувала на протести како студентски пленум, шарена револуција, маршови против аерозагадување
За што се залагам во политиката:
Стекнување доверба од граѓаните во непартиските движења. Да се направи јасно онаа разлика помеѓу партиски и граѓански интереси. Дека ако сакаме промена на локално ниво, не ни е потребна партија или пак некој познат во владеачката структура – имаме инструменти (закони и права) кои треба да ги актуелизираме и доближиме до секој граѓанин.
Локални теми што најмногу ме интересираат:
Младинска вклученост во локалните политики, примарна селекција во домаќинства, зголемување на високостеблестото зеленило во градот, поттикнување на алтернативен транспорт,
Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:
Во мојата работа најмногу сум имала контакт со младите, и од нивните доживувања за градот, сум сфатила дека Скопје мора да им биде пријатно за живеење на младите. Сакам како растат и созреваат, младите тука да гледаат добри секојдневни практики кои го уважуваат граѓанинот и го подобруваат секојдневниот живот: да не им биде чудно ако селектираат отпад, или пак да одат по тротоар и да нема паркирани коли итн.
Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:
Затоа што на градот му се потребни советници блиски до граѓаните, а не до партиите. Како поминува време и се зближуваме, ми се потврдува одлуката дека This is it!

ФБ профил:
Линк