9. Мица Кимовска-Христова
Образование, професија и работно искуство:
Таа е доктор на медицина, специјалист педијатар, со 20 годишно работно искуство. Секојдневно се бори за спас на животите на децата (оние од 500 грама па се до 18 годишна возраст), бидејќи работи на одделот за Интензивна нега на Клиниката за детски болести. Се бори за нивното здравје, активно ги штити нивните права и слободи, директно од работното место, но и преку разни иницијативи и здруженија, со цел за подобрување на квалитетот на животот и здравјето на децата. За време на својата едукација, учествувала на голем број на стручни работилници и реализирала стручни престои во Европа и Америка, од кои се стекнува со бројни сертификати од својата област на работа. За својот престој во Калифорнија- САД, вели дека и ја променил и еколошко-социјалната свест, односно голем дел од своите идеи за активно учество во здруженијата и иницијативите од овие сфери ги започнува пред околу 16 години, кога после тригодишен престој се враќа во својата родна земја. Докторанд е на медицински клинички студии, а докторската дисертација го опфаќа токму влијанието на еколошките и социјалните фактори врз прогресијата или појавата на одредени заболувања кај децата. Таа е сопруга и мајка, а семејството е нејзиниот приоритет.
Претходно учество во социјални движења и активизам:
Со својата десетгодишна активност од областа на екологијата, смета дека е една од неколкуте први борци кои јавно, смело, одважно, со аргументи истапија пред владините стуктури, и го кренаа гласот против загадувањето на градот Скопје, но и на останатите градови во Македонија (пр.- Тетово, во тој момент бил најзагаден град во Европа). Се потсетува дека во почетокот и не постоеле мерни станици, па првите реални бројки ги добивале самостојно, кога во ноќните часови (заедно со група истомисленици и еко-борци) оделе низ најзагадените места во градот за да ги измерат параметрите на загадување на воздухот со специјални мерачи (кои самите ги набавиле) и за да ги објават преку социјалните медиуми. Со ова сакале да ја анимираат јавноста, за да се приклучи во борбата против загадувањето на воздухот (и водите и почвата), против уништувањето на зеленилото (и „бетонирањето“ на градот). После кратко време, преку социјалните медиуми, успеваат да се организираат во групи на граѓански невладини здруженија, како што се „Скопје смог аларм“, „Скопје бара чист воздух“, „О2 коалиција“, „Движење за чист воздух“. Активен учесник е на бројни протести и маршеви за чист воздух, а и директно зборува, пишува, но и учествува во бројни дебати на оваа тема во различни медиуми. Таа е долгогодишен надворешен соработник на „Првата детска амбасада-Меѓаши“, преку кои и се организира во разни хуманитарни мисии и социјални дејанија (активно учество на терен за згрижување на болните деца во Стајковци и околината за време на поплавите; учесник и активен соработник (заедно со „Лице в Лице“ на темата – Борбата против меѓуврсничкото насилство (особен осврт на сајбер булингот); Истражувањата на Меѓаши за спроведување на наставата и употребата на заштитни маски за време на наставата во училиштата за време на Ковид-пандемијата, и др. Член е на повеќе друштва за заштита на бездомните животни, а во повеќе наврати (покрај згрижувањето) има и активно учество во носењето на разни акти (или закони) за благосостојба на животните.
За што се залагам во политиката:
Да се даде шанса за вклучување на искрени и безусловни, невладини и непартиски граѓански активисти во носењето на одлуки, кои се од животна важност за граѓаните- на локално ниво. Тоа се добро познати ликови, докажани и реализирани во својата стручна област, но пред се неуморни активисти од различни сфери од социјално- општествениот живот на локално (а со тоа и на државно) ниво. Ја поддржувам идејата за Одржлив развој на општините, со посебен осврт на заштита на животната средина преку разни активности (спречување на „ефектот на стаклената градина“ и емисијата на штетните гасови); заштита на околината од познатите и „непознатите“ фактори кои го загадуваат воздухот (а со тоа и водите и почвата); рециклирањето како дел од рутинскиот начин на живеење; употреба на фотоволтаици и еколошки начини за загревање- инвертори; итен прекин на „бетонизирањето на градот“ и засадувањето на ниско и високо стеблести дрвја и трева, со бројни паркови- за да помогнат во прочистување на воздухот. Правда и праведно општество за секој еден поединец, во кое нема да постои расна, класна, политичка, социјална, верска и национална поделба.
Локални теми што најмногу ме интересираат:
Екологијата; заштита на животната средина, заштита, хуман третман и благосостојба на бездомните животни; итна изградба на вело патеки, еколошки транспорт (со нулта емисија на штетни гасови. Изградба на урбано Скопје, кое ќе заличи на европска метропола (а не на бетонска креатура); секојдневна грижа за потребите на социјално ранливите групи; уредување на јавните училишта по европски терк.
Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:
Би била најсреќна да успееме да ги реализираме барем дел од сите мои горенаведени заложби, мисии, цели и локалните теми од интерес. Секако, приоритет е да се има комплетен увид и отчет пред граѓаните за намената и трошењето на нивните средства од градскиот буџет.
Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:
Сметам дека партиската припадност неминовно (пракса која барем се докажа во нашата држава) доведува до заслепеност на партиските припадници, а со тоа и до искривена перцепција за суштинските проблеми на сограѓаните. Иако се можеби свесни за истите, тие едноставно не можат и не смеат да ги извадат своите „розови очила“. Во таа насока, безброј пати се докажа дека партиското членство е „несреќна околност“, поради која треба да се премолчи и да затворат очите пред реалноста, а партиските челници полесно да можат да манипулираат со граѓаните и со нивните финансиски средства кои се слеваат во градскиот буџет. Јас својата поддршка ја давам на независните граѓански активисти, бидејќи сметам дека тие се оние кои секојдневно се движат помеѓу народот и ги согледуваат реалните проблеми со кои се соочуваат луѓето. Но, истата и ја очекувам од независните и неопределени граѓани, или пак оние кои во претходниве години станаа апатични, разочарани, со чувство на очај и немоќ. Сметам дека нашата опција „Зелен Хуман Град“ би можела да биде „светло во тунелот“, односно единствена на локално (градско) ниво која ќе ја врати довербата на народот за подобро утре, за подобра иднина во еколошка, праведна и социјална држава за нас, но пред се за нашите деца. Со тоа, нашата иднина- децата, ќе можеме да ги задржиме во сопствената држава, но и да ги вратиме оние кои заминаа низ светот барајќи подобра иднина.

ФБ профил:
Линк