види ги сите кандидати

Блаже Јосифовски е на реден број 14 од советничката листа за Град Скопје на Зелен Хуман Град.
Образование, професија и работно искуство:

Дипломиран политиколок, магистар по менаџмент на човечки ресурси, моментално на докторски студии по организациски менаџмент. Асистент за научни истражувања во областите: Менаџмент за човечки ресурси, Стратегиски менаџмент и Бизнис менаџмент. Претседател на Европската младинска асоцијација на Источно-европските зелени организации, асистент за комуникации на пратеник, соработник во секторот за меѓународна соработка во Министерството за животна средина, Извршен директор на „Ајде Македонија“, основач на хидропонска фарма за производство на зеленчук, асистент во научни области при УКИМ.

Претходно учество во социјални движења и активизам:

Претседател на Европската младинска асоцијација на Источно-европските зелени организации. Учесник во #Протестирам. Извршен директор на Асоцијацијата „Ајде Македонија“.

За што се залагам во политиката:

За воспоставување на квалитетни социјални програми за поддршка на социјално загрозените граѓани. За нула отпад општини. За чист воздух. За алтернативен транспорт.

Локални теми што најмногу ме интересираат:

Воспоставување на градска народна кујна којашто би користела вишоци храна од бизнис секторот Воспоставување на системи за сортирање, рециклирање и реупотреба на отпадот на ниво на Град Скопје.

Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:

Социјалната политика да стане важна тема за Град Скопје.

Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:

/


ФБ профил:
Линк