19. Андријана Папиќ Манчева
Образование, професија и работно искуство:
Задоволството од преведувањето и ден-денес ми потврдува дека воопшто не згрешив што се запишав на Катедрата за превод и толкување на Филолошкиот факултет. Во меѓувреме, од прва рака сфатив дека ме понесуваат иницијативи кои ги живнуваат културниот дух на градот и волјата на поединецот, па веќе цела деценија сум дел од Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Веќе неколку години професионално растам во ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување каде што сексуалната и репродуктивната слобода и права се врвен приоритет.
Претходно учество во социјални движења и активизам:
Сум протестирала за правото на абортус, за работничките права, против аерозагадувањето. Најредовна бев на протестите на движењето „Протестирам“ и на хорските проби на „Распеани скопјани“. Во 2018 година самоиницијативно ја преведов, издадов и промовирав книгата „Дом со нула отпад“ од авторката Беа Џонсон, пионерка на современото движење за нула отпад. Потоа ја формирав иницијативата „Од нула до нула“ преку која ги споделувам искуствата од живеењето во духот на нула отпад. Искуствата и наученото го претставив повеќепатипати и јавно – на јавната трибина Визионирај, во неколку училишта, на патувачкото кино на „МакеДокс“, во ЕУ Инфо центарот, на феминистичкиот фестивал „Прво па женско“, а годинава одржав и двомесечен курс за поодржливо живеење во соработка со невладината организација „Екологик“. Дел сум и од иницијативата за забрана на пластичните ќеси.
За што се залагам во политиката:
Сакам климатската отпорност и родовата еднаквост да бидат основните начела при кроењето на политиките. И сакам да имаме интерсекционално климатско образование.
Локални теми што најмногу ме интересираат:
Ефективно справување со сеприсутното ѓубре и со загадувањето и пристапноста за луѓето со попреченост во вистинската смисла на зборот.
Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:
Сакам да имаме почист град, повисока еколошка свест и циркуларни решенија кои ќе го направат живеењето поквалитетно и поедноставно.
Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:
Затоа што сакам изборите да бидат многу повеќе од избирање на помалото од двете зла. И затоа што сакам да покажеме дека имаме посветени, самокритични, отчетни и одговорни луѓе и тука кои работат за доброто на заедницата.

ФБ профил:
Линк