види ги сите кандидати

Дејан Крле е на реден број 12 од советничката листа за Град Скопје на Зелен Хуман Град.
Кандидатот е дел од листата преку отворениот граѓански повик на ЗХГ наречен МојКандидат.
Образование, професија и работно искуство:

Графички дизајнер, маркетинг координатор, планинарски водич, организатор на спортски настани на отворено.

Претходно учество во социјални движења и активизам:

Активен волонтер (од детството) во секакви социјални организации и државни институции. Екоактивизам преку спортските настани во кои сум вклучен.

За што се залагам во политиката:

Морални вредности и залагање за општиот интерес и добро, здрава животна средина, одржливо работење и живеење, рамноправност и легализам.

Локални теми што најмногу ме интересираат:

Животна средина и урбанизам, вело-инфраструктура, спорт и физичка култура.

Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:

Да ја унапредам животната средина, вело-инфраструктурата, условите за спортување.

Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:

Политичките партии се „братства“ составени од безобразни, лицемерни малограѓани и подлизурковци.


ФБ профил:
Линк