види ги сите кандидати

Димитар Стојановски е на реден број 16 од советничката листа за Град Скопје на Зелен Хуман Град.
Кандидатот е дел од листата преку отворениот граѓански повик на ЗХГ наречен МојКандидат.
Образование, професија и работно искуство:

Дипломиран Инженер Архитект Овластување Б за изработка на проектна документација Овластување Б за инженер за изведба ДИПЛОМИ: * Архитектонски Факултет – Скопје * FCE сертификат за англиски јазик * Француски јазик - сертификат за шести степен * Certificate of completion for 3D Studio Max Design 2012 Essentials Работно искуство: *01.05.2019 – до денес, главен архитект во: Еликософт *01.12.2016 – 01.05.2019, главен архитект во: Линика Инженеринг *01.08.2016 - 01.12.2016 проектант во: Hot&Hot *01.07.2015 - 01.08.2016 изведба во: J.E.С. Глобал *01.09.2013 - 01.07.2014 предавач на ARCHICAD во: Семос едукација *01.11.2012 - 30.06.2015 проектант во: Њу Веј Инженеринг *20.02.2011 - 25.05.2012 изведба: Роломатик *20.12.2009 - 30.5.2010 проектант: Прима Инженеринг *18.11.2008 - 05.03.2009 проектант: Прима Инженеринг *04.11.2007 - 30.02.2008 проектант: Прима Инженеринг

Претходно учество во социјални движења и активизам:

Учество во протестите на Архибригада, Го сакам ГТЦ и Шарена револуција.

За што се залагам во политиката:

Се залагам за социјална држава и еднаквост. Советникот треба да биде глас и алатка на граѓаните на општината. Треба да корегира и предложува правилници и цели на локалната самоуправа.

Локални теми што најмногу ме интересираат:

Уредување на новиот ДУП според стандардите за урбанистичко проектирање. Регулирање на паркирањето во рамки на парцелите. Обезбедување на паркинг места според проект за сите станари, а не нивно продавање.

Што сакам да постигнам со мојата кандидатура:

Уредување и задржување на државното/општинското земјиште. Формирање на парк покрај Вардар. Креирање на локации кои ќе формираат воздушни мостови. Регулирање и спроведување на законот за заштита од бучава. Доделување на паркинг места според проект.

Зошто се кандидирам преку Зелен Хуман Град:

Затоа што не сте финансирани од бизниси кои подоцна можат да влијаат на вашата објективност. Затоа што имате конкретни предлози и идеи како да се подобри градот.


ФБ профил:
Линк