Членови на Зелен Хуман Град

Поединците и организациите што стојат зад, и ја поддржуваат платформата МојГрад.

Активни советници во Град Скопје

Драгана Велковска повеќе од една деценија е волонтерка за заштита на животната средина, заштита на животните и е меѓу основачите на повеќе граѓански организации и иницијативи кои делуваат во овие области, како што се Охрид ЅОЅ и Е.Д.Е.Н. Принципите на социократија и правда се водечки во нејзиното работење. Се залага за здрава животна средина, одржлив развој, се бори против загадувањето и е активна на повеќе фронтови. Верува дека праведната транзиција е можна само со делотворна и рамноправна вклученост во одлучувањето на сите засегнати страни.

Драгана верува дека граѓаните треба да го имаат главниот збор во носењето одлуки на локално ниво, поради што се залага и за објективно информирање.
Горјан, познат како креаторот на апликацијата МојВоздух, е долгогодишен социјален и еко активист. Со помош на технолигијата, тој воведува општествени проблеми и придонесува кон до граѓанската активност во владеењето на локално ниво. Покрај МојВоздух, тој ги има направено платформите Волонтирај.мк, Рециклирам.мк, МојМиленик, како и новата платформа МојГрад за граѓанско владеење.


Горјан верува дека технологијата ќе помогне во доближување на граѓаните до правата смисла на демократија, како и целосен надзор врз работата на институциите, поради што се залага за креирање на вакви платформи.

Поединци членови

Професор по политички науки на Американ Колеџ. магистрирал на програмата Еразмус Мундус медиуми и глобализација на универзитетот од Амстердам, докторирал во Милано на тема ефекти од покривањето на мигрантската криза на политичките ставови бо Македонија. Поранешен новинар и основач на климатското движење Петоци за иднината.


Иво верува во идеалот за демократска Агора, и дека граѓаните на Скопје имаат капацитет да го остварат, станувајќи пример за остатокот на Европа како најефективно се решаваат еколошките, урбани и социјални кризи, но и политичките нееднаквости.
Планинарка и ликовна уметница, м-р по Јазици, Бизнис и Меѓународна Трговија. Делува во подигнување на еколошката свест и зајакнување на младите преку образовни и спортски настани. Еден од оснивачите на здружението ТАКТ и поддржувач на иницијативата Охрид SOS. Се залага за родова еднаквост во спортот и е автор на документарниот проект „This is Herstory“.


Илина верува дека спортот е клуч кон инклузивен и порамноправен свет. Само со градење на спортски навики и колективна еколошка свест, ќе имаме здраво општество во чекор со светот.
Дипломиран правник со долгогодишно работно искуство во заштита на принципот на еднаквост преку работа на превенција и спречување на дискриминација и дел од “направи сам” музичкиот лејбл Deny Records. Во моментов работи како член во Комисијата за спречување и заштита од дискриминција.


Игор верува дека сите треба да имаат еднаква можност граѓани на локално ниво непосредно и директно да ги адресираат најважните еколошки, социјални, културни и урбанистички проблеми до градските власти, а предлозите за нивно надминување треба повторно да дојдат од оние кои се најмногу засегнати – граѓаните.
Дипломиран преведувач, со повеќегодишно искуство во граѓанскиот сектор на тема човекови права и заштита на природата, заокружено со здружението ЕдуАктив Орг. Во својот независен уметнички проект Dream Dungeon, ги канализира принципите во кои верува, преку пишување, музика и визуелна уметност, со фокус на природните материјали и позитивните примери. Верува дека со знаењата, методите и технологиите на иднината би можеле да направиме коренити промени за доброто на сите живи битија и целокупната природа.


Игор верува во чиста технологија во добри раце, која ќе го одразува знаењето кое го имаме во 21-от век, одржлив развој, меѓусебна почит, поддршка за најотфрлените, издигнување над ограничувањата, и затоа инсистира дека секоја замислена иднина е само резултат на чекорите потребни да се стигне дотаму.
Лазар е универзитетски професор и консултант за организациски развој. Главна пасија му е лидерството и личниот развој. Секојдневно помага во тоа луѓето да се инспирираат и развиваат, искористувајќи го својот неограничен потенцијал.


Лазар верува дека напредокот во општеството се темели на активни и самосвесни граѓани и поради тоа ја поддржува оваа иницијатива. Реализирани и активни граѓани кои се борат за зелен и хуман град.
Доктор на медицина-специјалист педијатар, се залага за правата на децата за здрав живот и здрава животна средина. На работното место но и вон него, активно се грижи за детскиот живот и детското здравје. Долгогодишен активен борец и член на иницијативите за чист воздух, вода и почва, односно за заштита на животната средина. Активен надворешен соработник на Првата детска амбасада „Меѓаши“, активен борец и член на групите за заштита на бездомните животни. Во повеќе наврати е учесник на разни дискусии и трибини од областа на социјалниот живот, залагајќи се за еднаквост и рамноправност на сите членови на општествената заедница. Таа е меѓу првите кои го кренаа гласот во државата за борбата против меѓуврсничкото насилство.


Мими верува во подобро утре за оваа држава и за градските општини. Верува во искрените намери на луѓето кои се борат за заштита на човековото достоинство, еднаквост пред законите и напредок на општините и државата во сите сфери на општественото живеење.
Џендер специјалистка, професорка по родови науки, претседателка во Една може! препознатлива по непокорот во однос на обесправувањето на самохраните мајки и нивните дечиња и главна „трабелшутерка“ во разрешување на дискриминацијата во еднородителските семејства.


Дороти е вонпартиска активистка, која верува во хуман дизајн на современи општества и затоа се залага за инклузивна заедница и еднакви можности за самоодржливост и слободни избори на граѓанките на својот град, преку активен придонес на самите граѓани/ки, а посебно на независните експерти кои имаат живо искуство во областите во кои дејствуваат, надвор од традиционалнитебинарни обединувачки форми.

Организации

AirCare, или МојВоздух, е апликација која од 2014 година ги информира граѓаните за загадувањето на воздухот. Основана од Горјан Јовановски, таа ја крева јавната свест, поттикнува протести, и освојува бројни светски награди од Обединетите Нации. Таа денес брои над 500.000 корисници низ целиот свет, а тимот на МојВоздух базиран во Скопје, уште води напори за подобрување на квалитетот на нашиот воздух.
Посветени сме на целосно искоренување на злоупотребата и експлоатацијата на животните и животната средина во секој домен од човековото живеење. Целиме кон создавање општество каде што интегритетот и достоинството на животните и животната средина ќе бидат еднакво почитувани и уважувани од страна на човекот, бидејќи ненасилството кон животните и животната средина значи искоренување на насилството меѓу луѓето.
Група ентузијасти со цел подобри велосипедски градови, првично обединети околу Критична Маса во Скопје. Од 2012 учествува во поддршка и организација на над 85 официјални Критични Маси, детски Критични Маси, настани за слободни улици, соработува со државни и локални институции за планирање и подобрување на сообраќајот во градовите и влијае на промени на правилници и закони.
Не биди ѓубре, како неформална граѓанска иницијатива и параѓубреџиска формација, цели три години на терен презема акции со цел суптилно да ги потсети граѓаните на основите на домашното воспитување, а институциите на нивните ингеренции во однос на третманот на отпадот и санирањето на штетите настанати од истиот, како и санкционирањето на несовесните.
Хумани градови е граѓанска асоцијација која има за цел да придонесе кон унапредувањето на инклузивноста во градовите и градските простори. Активно се залага за социјална правда, еднаков и слободен пристап до јавните простори во градот, како и ангажирано учество на граѓаните во процесот на обликување на градските простори.
Здружението за заштита на животните АНИМА МУНДИ е здружение на граѓани создадено за да иницира заложба и јавна борба против секој вид злоупотреба и искористување на животните од страна на човекот. Целиме кон индивидуална и колективна промена на човековата свест и ширење свест за вистинската природа на животните како битија кои чувствуваат болка, патење, страв. Веруваме дека сите живи битија кои чувствуваат имаат право на живот и слобода. Крајна цел на АНИМА МУНДИ е укинување на сите облици злоставување, мачење и експолатација на животните од страна на луѓето.
Мама Органа е правен субјект чијашто главна активност е прибирање на биоотпад и производство на органски ѓубрива, при што се креираат работни места за социјално загрозени самохрани мајки и се неутрализираат последиците од климатската криза. Во нашите иницијативи за одржлив социо-економски развој тесно оработуваме со граѓанските организации, донаторите и институциите и заеднички работиме на решавање на предизвици со кои се соочува заедницата, особено во делот на промовирање на Целите за oдржлив развој на ОН.
Гоу Грин е здружение за одржлив развој и заштита на животната средина основано на 01.02.2010 година. Нашата мисија е да развиваме вредности и принципи за одржлив развој и да овозможуваме образование и практични решенија за заштита на животната средина. Нашите стратегиски приоритети се: 1) младински еко-активизам, 2) образование за климатски промени и одржлив развој, и 3) социјална инклузија за зелена економија.
Колектив Зет e здружение на млади за климатска и социјална правда, посветен на градење интерсекционални трансформативни акции и подобрување на благосостојбата на нашите заедници и планетата. Нашата работа се темели на креирање на колективни визии и пат кон социјално-праведна и еколошки-здрава иднина, преку организирање заедно со заедниците. Нашата визија е општества кои напредуваат со љубов, солидарност и длабока грижа, луѓе кои ги слават различностите и живеат во хармонија со сите живи суштества.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши е граѓанска организација за заштита на правата на децата. Мисијата на МЕЃАШИ е да ги застапува и заштитува правата на децата, да поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, да го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и да се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. МЕЃАШИ го промовира мировното образование, развивајќи активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува различностите и еднаквите можности за сите. Визијата на МЕЃАШИ е ПОПРАВЕДЕН СВЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ.
Здружението за родова еднаквост ЕДНА МОЖЕ! Скопје (во понатамошен текст Здружение) е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на сите граѓанки и граѓани,самостојно формирано со слободно здружување на сите за заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на родовата еднаквост и заштита на женските права, граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетнички односи и економски развој во/на територијата на Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законите.
Здружението за едукација и директна акција ЕдуАктив Орг работи на подобрување на капацитетите на луѓето преку теоретски и практични активности, како и директна акција. Нашата цел е да помогнеме во создавањето добро едуцирани, одговорни и свесни граѓани, кои ја сакаат природата и помагаат за нејзино зачувување и подобрување на животот на сите живи битија. Се бориме за свет во кој луѓето имаат повисока свест, меѓусебна почит и се активно ангажирани по пат на споделување знаења, критички пристап и директна акција да го подобруваат светот околу себе.
Полио плус е лидер ,активен креатор и носител на суштинските промени за градење на светот како општество, во кое сите лица со хендикеп учествуваат целосно како еднакви граѓани. Базирајќи се/потпирајќи се на индивидуалните вредности, како елитна, иновативна, прилагодлива и истрајна организација, преку искористување на процесите и механизмите на посредната демократија, заедно со другите чинители, го промовира и наметнува пристапот за еднакви можности кој обезбедува учество на лицата со хендикеп во главните општествени текови.
Институт за истражување и анализа на политики - Ромалитико е официјално регистриран во 2016 со мисија да промовира динамично отворено општество преку анализи, истражувања базирани на докази и застапување за влијание врз јавните политики, предизвикувајќи го односот на моќта и распределбата на ресурсите за Ромите во Република Македонија и Европа. Ромалитико делува во три програми, Политика, Економија и Право. АВАЈА претставува граѓанско движење кое е иницирано од граѓанските организации Ромалитико, Ромаверзитас и Романо Авази. Граѓанското движење на Ромите – АВАЈА има за цел да ги артикулира потребите на заедницата и да застапува решенијата кои се во насока на подобрување на положбата на Ромите пред сите засегнати страни.
Шепасти Ентузијасти е непрофитна организација со седиште во Скопје, Македонија. Нашата мисија е да ја подобриме благосостојбата на животните на ниво на целата земја и да охрабриме секогаш да им се помага им на оние кои имаат потреба. Со цел да се справиме со подлабоките прашања што го мачат нашето општество, ние посветуваме време и ресурси во развој на разни ентузијастични кампањи за уредување, настани за вдомување и подигање на свеста на граѓаните. Наша цел е секогаш да заземеме пријателски и дипломатски пристап за да воспоставиме долготраен однос со граѓаните како и органите на управување во нашата земја - бидејќи веруваме дека само со кохезија можеме да постигнеме толерантно општество кое ќе се грижи за сите негови жители.
Бездомни животни без граници е граѓанска асоцијација која има за цел да придонесе кон решавање на проблемот со неконтролираниот раст на популацијата на бездомни животни, унапредување на правата на животните и имплементирање на хуманиот третман кон животните.
„Од нула до нула“ е неформална иницијатива која тргна од нула за да го промовира живеењето со нула отпад. Веќе 4 години поттикнува на преиспитување на потрошувачките навики, свесно поедноставување на живеењето и намалување на огромните количества ѓубре што од домаќинствата завршуваат во и надвор од контејнерите. „Од нула до нула“ силно верува дека политиките се кројат според културата и дека борбата за поздрава животна средина мора да биде интерсекционална и во духот на циркуларната економија.