Најави се за да гласаш
199
гласa да

2
гласa не
Проблем:

Во однос на реконструкцијата , секако дека е во ред тротоарите да се обноват и во делот каде што е земја до воениот спортски терен да се уреди , но не на сметка на сеча на преку 100 здрави дрва во следниот дел каде што е зона 30 и има училиште да се зголеми ризикот кон учениците со создавање на булевар со 4 наместо со сегашхите 2 ленти и зголемување на загадувањето со сеча на здрави дрва. Бидејќи улицата е наменета да подржува сообраќај кон новиот мост накај Автокоманда, истиот не е направен, улиците на страна на гази баба не се ни пробиени , и не е решено имотно правно. Затоа за оваа улица во Аеродром има доста време за ревидирање и правилно решавање на сообраќајното решение.

Решение:

Бараме да не се преземаат никакви активности за кои граѓаните се целосно исклучени од донесувањето на одлуката.Бараме да се запре проширувањето на дел од улицата и да се одржи јавна расправа за да се чуе гласот на локалното население.

Резултат:

Зачувување на зона 30 заради безбедност на учениците , зачувување на над 100 здрави повеќегодишни дрва,предлог за велосипедска патека од страна на училиштето каде нема да има потреба здрави дрва да се сечат.


Општина
Град Скопје

Категорија
Животна средина


Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет

Коментари


0
Tina Sonnenblumen 12/01/2023 10:11

smenete status na ova baranje deka e neuspeshno, drvata se iskornati premesteni iseceni ne se znae sto e so niv.

1
Kristijan Gjorgjievski 13/10/2021 15:34

Сечење на дрва никако. Ќе си најдат решение без да се сечат дрвјата. Дури и преместување на дрвата е по-прифатливо решение. Тоа се млади дрва а градот купи машина за преместување на дрва со големи корени. КАДЕ Е ТАА МАШИНА ШТО НИЕ ГРАЃАНИТЕ ЈА ПЛАТИВМЕ ?!!

3
Zage Filiposki 11/10/2021 16:50

Оваа улица нема потреба да биде булевар. Го уништува мирното маало. И го сече другиот булевар. Само застој и гужва може да предизвика, и никакво подобрување.

3
Mirjana Gligorova 06/10/2021 20:05

И ќе се спречи. Ни едно дрво низ Скопје, не смее повеќе да се исече.

2
Anica Vangelova 06/10/2021 16:19

Сечата н тие прекрани дрвја мора да се спречи! Ова е лудило што се прави во градов. На ул. О. Николов направија покољ на дрвјата, сега е на ред Аеродром! Ние, тукашните жители, не смееме тоа да го дозволиме! Ширете ја петицијата и заштитете го преостанатото зеленило!

3
Vesna Angelova 06/10/2021 15:52

Ова лудило мора да се спречи. Јас не живеам таму, но гласав за иницијативата. Тоа треба да го направат сите разумни луѓе. А жителите, никако да не попуштаат!

4
Aleksandra Vasilevska 06/10/2021 15:49

Дефинитивно е надвор од секоја логика сечење на повеќедецениски дрвја и правење булевар во дел на општината, каде е возењето 30км/час, има училиште до самата улица и дом за пензионери. Вакви делови на градот треба да се зачуваат. Во пренаселена населба, со загаден воздух секоја есен и зима, сеча и булевари не требаат.