Предлози
Статус:
Категорија:
Општина:
39 предлози
Дозвола за користење на јавен транспорт во придружба на миленик
Граѓаните кои имаат миленици се една од најдискриминираната група на граѓани во Македонија. Имено доколку не располагате со сопствено возило, или немате доволно пари за такси на кратки и долги дестинации, Вие не смеете да користите ниту еден јавен транспорт било каде во земјава. Од една страна државата и институции промовитаат одговорно сопствеништво, ненапуштање на миленици (секако само на постери), од друга страна го скратуваат основното човеково право на слободно движење, оневозможувајќи ги луѓето со своите миленици да стигнат дури и до ветеринар и во најитните ситуации, а камоли да ги спроведуваат посакуваните семејни активности со нив.
Релокација на мерна станица Битола 2
Резултатите што ги дава мерната станица Битола 2, години наназад се неточни. Сите анализи за најзагадени градови во светот ги читаат само мерните станици поставени од министерството за животна средина. Секогаш има огромни отстапки споредено со другите сензори низ центарот на градот. Мерната станица е опколена со дрвја од 3 страни. Некои од сензорите се наоѓаат само на неколку сантиметри растојание со најблиското стебло/гранка. Се надевам дека ситуација кај другите мерни станици низ МК е по соодветна.
Да се престане сечењето на дрва на Ул.Македонски Просветители
Се сечат дрва стари над 60 години кои воопшто не се трули и се крати пешачкиот простор на Ул.Македонски Просветители со цел да се направи платен паркинг по должината на самата улица.
Постојани и повеќе Контејнери за кабаст отпад
Ќе се намали оставање на кабаст отпад и шут покрај контејнери за комунален отпад и ќе се намали сосздавање на диви депонии
Куќарки (засолништа) за бездомни миленици
Животот не е лесен за голема популација на бездомни мачки и кучиња во Скопје. Во текот на жешкото лето или ладната зима, скопските улици се полиња на смртта за бездомните миленици, особено за мали мачиња и кутриња- кои ако не и убиени од страна на брзи и несовесни возачи на автомобили или од сурови луѓе/деца, се во голема опасност да умрат незабележано како резултат на инфекции и болести. Каде и да одите можете да видите мачки скитници како бараат хранат од контејнери, прегладнети кучиња скитници или напуштени мали кутриња или мачиња.
канти за рециклирање за секое семејство
да се намали отпадот во градот Скопје, така што се она што е отпад ќе се рециклира, барем хартија, пластика и стакло, кои се најчестата амбалажа
Машина за дислокација на дрвја
Сечење /отстранување на здрави повеќегодишни дрвја од страна на Градот се со цел да изведат некаков инфраструктурен проект.
Мапа (база) на јавно достапни ресурси за користење на граѓаните
Често во секојдневниот живот, граѓаните (индивидуалци, професионалци, аматери, студенти, ученици, родители и други) имаат недостаток од алатки (машини, уреди, технологија и слични ресурси) кои им се потребни за решавање на некоја нивна моментална потреба или проблем, а најчесто не можат самите да ги купат, да ги обезбедат или да имаат пристап до нив.
Стоп за сечата на дрва на улица Васко Карангелески во Аеродром
Во однос на реконструкцијата , секако дека е во ред тротоарите да се обноват и во делот каде што е земја до воениот спортски терен да се уреди , но не на сметка на сеча на преку 100 здрави дрва во следниот дел каде што е зона 30 и има училиште да се зголеми ризикот кон учениците со создавање на булевар со 4 наместо со сегашхите 2 ленти и зголемување на загадувањето со сеча на здрави дрва. Бидејќи улицата е наменета да подржува сообраќај кон новиот мост накај Автокоманда, истиот не е направен, улиците на страна на гази баба не се ни пробиени , и не е решено имотно правно. Затоа за оваа улица во Аеродром има доста време за ревидирање и правилно решавање на сообраќајното решение.
Работилница за пренамена и реупотреба на мебел (upcycling)
Насекаде низ Скопје (и низ државата) има исфрлен мебел, од кој добар дел содржи сосема здрави и реупотребливи материјали. Глетката е лоша, се загадува на несоодветен начин и таквиот отпад често долго време останува на тие локации. Исто така во многу случаи наоѓаме исфрлен мебел во природа (вклучително и национални паркови). Тоа покажува дека имаме сериозен проблем со исфрлање мебел и слични предмети, од дрво, платно, керамика, метал и пластика, кои се трупаат на депониите и во природата. Истовремено, има многу граѓани кои по групи на социјалните мрежи бараат основни парчиња мебел за својот дом, и честопати не може да се најде соодветна донација. Хуманата компонента на овој предлог е исто толку важна колку и еколошката.
Решавање на проблеми со сметот
На многу локации во Тетово во подем е појавата на смет околу кантите за ѓубре. Симптомот е присутен неколку години, но ова лето доживува кулминација.
Да се затвори штипското прифатилиште за бездомни животни
Објектот на штипското прифатилиште за бездомни животни е поставен на локација која е директно изложена на сонце, без никаква природна сенка, изведен од несоодветни материјали (лим), без соодветна изолација, без довод на питка и техничка вода и без механизми за редовно одржување и чистење. Веќе две години, со дозвола од Агенцијата за храна и ветеринарство, штипското прифатилиште овозможува сместување на животни во крајно нехумани услови, на екстремно високи и екстремно ниски температури, притоа резултирајќи со смрт од "топлотни удари" на животните кои постоперативно се сместуваат таму, што се коси со сите одредби поврзани со грижата за бездомните животни од Законот за заштита и благосостојба на животните.
Градот да забрани пристап до врв на Водно со автомобили
Град Скопје најстрого да забрани пристап со автомобили и други моторни возила до врв на Водно, и до сега приватизираниот кафиќ-планинарски дом Даре Џамбаз.
СТОП за фабриката за преработка на ОПАСЕН ОТПАД во Гази Баба
Проблем: Продажба на државно земјиште на приватен инвеститор со намена Е 3.1 „постројки за термички, физичко-хемиски и хемиски третман на неопасен отпад на парцели во Старо Скопје“ каде според Нацрт-извештаите за СОЖС ќе се обработува и опасен отпад (ќе се топи цинкова прашина).
Затворање на Зоолошката градина во Битола
Зоолошка градина во Битола ниту е соодветно ниту хумано место за животните. Тие живеат мизерно во кафези и негрижа.
Сортирање и рециклирање на ѓубре
Во моментов не постои сортирање на ѓубре што значи дека одредени материјале не се реискористуваат и целото ѓубре оди на едно место.
Фотоволтаици, за почист воздух
Во Скопје има објекти кои се во надлежност на Градот што уште се загреваат на нафтени деривати и се големи загадувачи на воздухот во зимските денови.
Градска компостара во секоја општина
Дури 1/3 од целокупно произведената храна завршува во отпад. Ако на ова ја додадеме и огромната количина на градинарски отпад кој се креира од парковите и дворовите, ни станува јасно како био-отпадот претставува над 70% од вкупно произведениот. Кога овој отпад неправилно се разлага, ослободува стакленички гасови кои директно влијаат на климатските промени и на загадувањето.
Зелени Детски Градини Во Основни Училишта
Живееме во информативна ера со постојани достигнувања во технологијатата кои што обезбедуваат удобности и погодности за кои што никогаш не сме ни размислувале. Сепак, изгубивме голем дел од потребните знаења и вештини за преживување, за кои сто младите деца не се ни свесни. Тука го наметнуваме прашањето: дали нашите идни генерации се запознаети со основите на животот и од каде всушност доага големиот дел на нашата храна?
Нарушување на мирот на граѓаните од бучава
Заштита на мирот на граѓаните од бучава, односно регулирање на дејствијата и изворите кои ги предизвикуваат. Секојдневно сме изложени на бучава која е предизвикана од најразлични извори на бучава. Мирот е особено нарушен во летниот период кога ќе излезат на улица "моторџиите". Со полицискиот час кој беше на сила изминатава година, а и во моментов, делумно е регулирано или намалено ова "дивеење". Меѓутоа во летниот период што ни претстои со сигурност повторно ќе се зголеми нивното движење. Тука би ја споменал и бучавата од верските објекти која воопшто не е регулирана, а каде секојдневно по неколку пати се надминуваат дозволените граници за нивото на бучава во животна средина во населено место.
Охис да се направи нов градски парк
Во Скопје нема доволно зеленило!!! Со преурбаниацијата на Ново Лисиче, Острово и воопшто цел Аеродром, а наскоро и Кисела Вода, каде како конзерви се наредија многу згради една до друга, има премногу луѓе, а премалку зеленило. Со тоа е намален квалитетот на живот и на тие што беа тука порано и на тие што се доселија, а општината Аеродром се направи најголема општина во Македонија, која плаќа најмногу даноци на градот и државата, а при тоа, нема доволно паркови каде што може да пешачат и спортуваат граѓаните, а нема ни дрва кои би го прочистувале воздухот.
Од дожд до заштеда и одржливост!
Недостигот на вода е еден од носечките проблеми предизвикани од климатските промени. Иако богата со природни водени ресурси, Македонија сепак не може да остане имуна на се пожешките лета, објективно-гледано посушните години, зголемената индустриска и комерцијална потрошувачка на вода како и зголемената приватна потршувачка (пример: полнење на базени во летните периоди), сите својствени за 21от век. Проблем од овој тип, кој несомнено го привлече јавното внимание неодамна, е се полошата состојба на Преспанското Езеро како и на другите природни и вештачки езера во земјата. На оваа тема може дополнително да се информирате преку податоците на ЈП "Водовод и Канализација" и известувањата на Прирордно-математичкиот и Земјоделскиот факултет. (Погледнете го линкот долу.)
Мрежи за зафаќање на отпад во Вардар и притоките
Да нема отпад што плови по реките или пак застанува покрај брегот зафатен на гранките од крајбрежните растенија. Да се намали отпадот, да се подобри имиџот на градот и граѓаните да уживаат во прошетките покрај реките.
Подобрување на инфраструктурата кај Матка
Матка е најпосетена дестинација во градот од страна на туристите и е потребно итно подобрување на инфраструктурата во тој дел од градот.
Зелени градини на крововите од зградите
Скопје е еден од градовите со највисоки нивоа на аерозагадување. Со неконтролираното градење на згради се уништуваат се голем дел од зелените површини и се полош е квалитетот на воздухот.
Скопје - град без обесени кабли и бандери
Проблемот со пуштени кабли по бандери преку улиците претставува закана за б безбедноста на пешаците и сообраќајот во градот.
Воспоставување 24/7 служба за итна помош за улични животни
Товарот кој поединци-љубители на животни го сносат при обид да помогнат на болно/повредено бездомно животно
Субвенции за стерилизација/кастрација на домашен и/или маалски миленик
Иако градот и општините имаат буџет и тендери/ јавни претпријатија за стерилизација исклучиво на бездомни кучиња, темпото со кое што работат не соодветствува со напливот на бездомни кучиња, и не ги опфаќа бездомните мачиња чии број константно се зголемуваа како резултат на неодговорно сопствеништво. Дополнително голем процент од населението не може финансиски да си дозволи стерилизација на милениците (кучиња, но и мачки), што резултира во премногу бездомни животни на улица кои се изложени на опасности, но кои и предизвикуваат опасности (напади, болести, расфрлање отрови, нарушен сообраќај итн.) за граѓаните.
Втора лента за велосипеди на кејот на Вардар
Во моментов едната патека не е доволна за велосипеди, лица што спортуваат, што користат ролерки и слично. Многу често се прави гужва и доаѓа до судири меѓу различните учесници на патеката.
Зелен булевар низ Скопје (исток-запад и север-југ)
Да се намали бројот на возила а да се подобрат условите за возење велосипеди, со што ќе се намали загадувањето.
„КензО“ - нов зелен јавен простор во центарот на градот
Локацијата до Транспортниот центар со години е запуштена, дехуманизирана и загадена. Исто така, во непосредна близина недостасуваат јавен простор и зеленило, кои би ја подобриле севкупната атмосфера.
Стоп на изградба на згради во Пржино
Изградба на згради кои предизвикуваат излизгување на земјиште, попуштање на потпорни ѕидови, прекин на проток на воздух, едноставно гушење на населбата.
Запуштен објект со огромен капацитет кој може да го ревитализира цело Скопје и да биде гордост на граѓаните.
Во едно од последните места со голем габарит во центарот на Скопје, се планира градење на над 30 згради, врз поранешната фабрика за мебел - Треска. Овој предел е веќе прегусто населен, а дополнителни 30 згради ќе направат низа проблеми: аерозагадување преку густина на население и спречување на проток на воздух, сообраќаен хаос на веќе тесните улици, и узурпирање на површина што може да биде заедничка на граѓаните.