Мрежи за зафаќање на отпад во Вардар и притоките
Проблем:
Да нема отпад што плови по реките или пак застанува покрај брегот зафатен на гранките од крајбрежните растенија. Да се намали отпадот, да се подобри имиџот на градот и граѓаните да уживаат во прошетките покрај реките.
Решение:
Да се постават површински мрежи за зафаќање на отпадот на неколку места по течението на реките. Мрежите би биле само на површината и не би пречеле во движењето на рибите и другиот жив свет во реките. Собраниот отпад може редовно да се собира од неформалните собирачи на отпад кои за тоа би можеле да добиваат и надомест од градот или од општините. Доколку тоа не е можно отпадот треба да го собираат од ЈП Комунална хигиена, бидејќи граѓаните плаќаат за собирањето на отпадот.
Резултат:
Почиста и поуваба животна средина, односно почисти реки од кои отпадот нема да се пренесува по течението во останатите градови и во морињата/океаните. Бидејќи отпадот е главно пластика, ќе се собира и суровина за рециклирање од која можат да се произведуваат други производи

Општина
Град Скопје
Категорија
Животна средина
Статус
Коментари
Мрежи, контроли и камери! Од вруток па се до Гевгелија, за 3-6 месеци Вардар (и сите други позначајни реки) ќе бидат кристално чисти!
Одлична идеја!
Најтажната слика која може да ја видиш во Скопје е кога ѓубрето парадира од центарот на градот после дождот. Мрежите ќе бидат добро привремено решение. Ќе треба да бидат обучени луѓето дека реката не е место за ѓубре и дека време им е да не бидат мрзливи и да мислат за местото на ѓубрето исто.