Најави се за да гласаш
39
гласa да

0
гласa не
Проблем:

Сечење /отстранување на здрави повеќегодишни дрвја од страна на Градот се со цел да изведат некаков инфраструктурен проект.

Решение:

Со оваа машина нема да има потреба да се сечат дрвјата кој се на површина каде треба да се проширува улица, да се интервенира на одредена локација поради подземна инфраструктура, да се гради некаков објект и слично. Туку со истата ќе може со бусен да се отстрани дрвото и истото да се дислоцира на друга површина или доколку има простор да биде вратено на својата локација и истото да биде привремено згрижено од ЈП Паркови и зеленило.

Резултат:

За да се прочисти истото количество на воздух (сметано во кубни метри) од едно 15-20 години старо дрво кое ќе биде исечено, потребно е најмалку 5 нови млади дрвца да засадиме на таа локација. Згора на тоа зошто да трошиме пари на нови садници постојано кога може да си набавиме ваква машина и да им го продолжиме животот век на убавите дрвореди низ Скопје додека уживаме под дебела сенка во летните месеци.


Општина
Град Скопје

Категорија
Животна средина


Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет

Коментари


1
Galina Str 08/11/2021 00:53

Ваква машина ко да има Град Скопје од 2016 г.