Градска компостара во секоја општина
Проблем:
Дури 1/3 од целокупно произведената храна завршува во отпад. Ако на ова ја додадеме и огромната количина на градинарски отпад кој се креира од парковите и дворовите, ни станува јасно како био-отпадот претставува над 70% од вкупно произведениот. Кога овој отпад неправилно се разлага, ослободува стакленички гасови кои директно влијаат на климатските промени и на загадувањето.
Решение:
Да се креира градска компостара во секоја општина, каде населението и чинителите од бизнис заедницата ќе го одлагаат градинарскиот и отпадот од храна, а од него наместо да загадува, ќе се креира компост.
Резултат:
Прибирањето на био-отпадот и негово компостирање драстично ќе ги намали емисиите на стакленички гасови кои ги произведуваме, директно ќе влијае на трошоците за транспорт на овој отпад кои ги прави Градот, а и ќе имаме празни контејнери и чиста околина.
Дополнителни линкови:

Општина
Град Скопје
Категорија
Животна средина
Коментари
Odlicno sto ste se setile da napravite online glasanje, nie ova go pravime veke cela decenija vo Human World - innovative change. Da se omasovime
Definirajte odpad od hrana oti nekoj moze i corbata sto ke mu ostane od rucek da si ja frli u kompostot. Ne sekoj znae sto e kompost i kako se pravi. Inaku bravo za ideata. 👏👏
Здраво :) Во компостарите кои се наменети за урбано компостирање, има затворен ротационен дел во кој се развива доволно висока температура за да се разгради органската материја дури и од зготвена храна, а притоа(затворена е) да не привлекува штетници. Секако дека е потребна дополнителна едукација, тоа и планираме да го направиме. Благодарам за подршката.
Прекрасна иницијатива. Моја подршка 👏👏👏👏
Glasam, za ovoj proekt, voedno, bi volotirala 3 casa mesecno, i bi podrzala i kompostiranje so crvcinja🙂
Прекрасна идеја побрзо да се реализира да се намали отпадот или компостари низ населби или до зграда поблиску до граѓаните или можда поедноставно само канти за овој отпад до контејнер и да се собира секојдневно и да се доставува до Компостарата..која опција е поисплатлива да се направи добра проценка од стручни лица
решението е повеќе компостари распоредени насекаде низ градот
Поддршка! Јас одамна компостирам што резултира во многу намален отпад кој, од моето домаќинство, го подига Комуналец. Исто така, добивам и многу квалитетна земја.
Браво дечки, подржувам секоја слична идеја каде одговорноста за подобро утре го сфаќаме како сечија, поединечна активност и одговорност. Луѓето во урбаните средини/ згради и бетони кои не опколија од сите страни, заборавиле да комуницираат со природата, малку поинакви се тие со куќа и двор. Да се активираме сите, и да дадеме пример ( јас одамна го правам тоа), но да не заборавиме дека најважна е едукацијата за децата и младите, која недостасува, наместо агресивна кампања за сите еколошки теми.
Одлична идеја. Треба да биде добро организирана акција. Бенефит за сите. Но претходно ќе треба добра едукација. Инаку дополнително ќе го замирисаме градот. Многу битни се крајните потрошувачи на компостот. Дали имаме доволно произведувачи (земјоделци) кои тоа навистина ќе го употребат? Мораме напорно да работиме за вакви пресврти.
Предлогот предвидува иновативни анаеробни компостари, кои имаат затворен систем и не се ослободуваат никакви мириси. А, компостот освен во земјоделието, може да се употребува и за наѓубрување на јавни урбани површини(паркови, скверови, кровни и урбани градини и др.). Има безброј можности, недостасува воља од институциите и на тоа работиме. Ви благодариме за подршката.
Oва е нешто за што се борам веќе долго време. Со правилна селекција на овој отпад сите победуваат. нема да се контаминира дополнително останатиот отпад, ќе се користи секако компостот во земјоделието и цвеќарството, само бенефиции. Но, не заборавајте за вакво нешто мора да се едуцира населението, инау само ќе се направи дополнителен проблем. Погрешното селектирање во нашава држава е исто толку лошо колку и не селектирањето, затоа што повторно се ќе заврши заедно на исто буниште.
Браво, терајте понатаму
Добра идеа
Одлична идеja
Браво,многу добра идеја !
Da
Da!!!
Da!!!
Одлична идеа. Можам да понудам искуство и добра пракса од 40 години во Македонија преку единствена регистрирана фарма на калифорниски црви (за компост/кастинг) www.organikanova.com. Компостирањето го шириме низ Македонија повеќе од 20година. Целта ни е што повеќе фарми на калифорниски црви, а со тоа и систем од деградирање на шталско ѓубриво а како излез = природно ѓубриво, биостимулатор и ппдобрувач на почва. Истиот процес може да се примени и со био отпад :)
Прекрасна идеја! Би било убаво да се направи соработка и со ЈП Паркови и Зеленило, да се едуцира кадар, да има оддржливост и линк помеѓу граѓаните и институциите.
Aко си од приградска населба каде што смет се собира еднаш неделно, нпр. Визбегово, треба вo Бутел да одам за да компостирам??? зошто не, субвенции за секоја куќа да си направи/набави компостер? како што се даде по канта за смет. Со куќа и двор, трава, дрвја, бавчи... и тн... толку многу органски отпад правиме што ни мини компостер нема да заврши работа. А се си велам... општинскиот компостер би се претворил во мини депонија ако нема кој да управува со неа...
Наташа, компостарите од овој предлог во никој случај не можат да бидат мини депонии. Отпадот се фрла внатре и машината веднаш го обработува. Процесот е автоматизиран, погледнете на линков https://youtu.be/qETpat6KoVc Не е решение да го собира некој отпадот од кај вас, па да го носи во компостара. Затоа е најдобро компостарите да бидат густо поставени за на секого да му бидат пристапни пешки, не да треба да стигне до нив со превоз. Предлагачот Наталија Бургиева се согласи со измената.

Odlicna idea bravo
Одлична идеја.
Do nas E.
Ova odavna trebaše!Bravo!
Супер предлог, многу потребно решение!
супер идеа. Луѓето на село по автоматизам го практикувале ова, а во градовите огромен ке биде бенефитот. Веке во лисиче во паркот си компостираат дечките во урбаната градина.
Prekrasna idea :)
Крајно време е.
Конечно. Јавна компостара покрај секоја зграда треба да има.
Овој е еден од моите омилени предлози на платформата. Имајќи предвид дека со поставување урбани компостари може да намалиме најмалку 60% од вкупниот комунален отпад, предлагам предлогот да се измени со што процесот ќе се децентрализира и ќе се бара помали компостари да има на повеќе локации во една иста населба. Само така ќе можеме сите да учествуваме во намалувањето на отпадот.
Да, се согласувам. Така дополнително ќе се скрати трошок и загадување од транспорт. Локално произведено, локално решено.