Втора лента за велосипеди на кејот на Вардар
Проблем:
Во моментов едната патека не е доволна за велосипеди, лица што спортуваат, што користат ролерки и слично. Многу често се прави гужва и доаѓа до судири меѓу различните учесници на патеката.
Решение:
Ова би се решило со втора патека која би била означена за користење во спротивен правец по должината на целиот кеј, паралелно со посточеката патека.
Резултат:
Сите корисници на патеките ќе возат/трчаат/ролаат по патеката која е одбележана за насоката во која тие се движат. Ќе се избегнат судири и непријатни ситуации.

Општина
Град Скопје
Категорија
Животна средина
Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет
Коментари
Наместо да се дуплира бетонираната површина, само треба да се стават знаци долж патеката дека е забрането движење на пешаци по неа и проблемот е решен.
Мислам дека тука поголем проблем е недостатокот на култура на луѓето што трчаат. При толкав кеј со тревна површина не знам што бараат да се пикаат по велосипедската патека.