Најави се за да гласаш
80
гласa да

0
гласa не
Проблем:

Во моментов не постои сортирање на ѓубре што значи дека одредени материјале не се реискористуваат и целото ѓубре оди на едно место.

Решение:

Начин на сортирање на ѓубрето и потоа процес на рециклирање на хартија и одново искористување на пластика. Предлог за сортирање: 1. на ниво на влез да има посебни контејнери за пластика и хартија, можеби во соработка со компании како Пакомак 2. или да има на ниво на град посебни контејнери за пластика, хартија и останато, што ќе овозможи на градот да го сортира и потоа може да го "обработи" сортираното ѓубре 3. може во одредени денови од неделата да се собира од град Скопје одреден тип на ѓубре, пример понеделник и среда пластика, вторник и четврток хартија, а останатото ѓубре да се фрла во постоечките контејнери. Откако ѓубрето ќе биде собрано на овој начин, градот ќе може да рециклира хартија или реискористи пластика.

Резултат:

Со реискористувањето на одредени материјали и нивна однова употреба во производство, се воведува еден систем на цирклуларна економија која има позитивни ефекти на самите производители од економски аспект, а истовремено е добро за животната средина. Граѓаните преку нивното однесување директно би влијаеле на овие позитивни промени за животната средина во која самите се дел.


Општина
Град Скопје

Категорија
Животна средина


Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет

Коментари


0
Zahari Arsenkov 07/10/2021 09:09

Идејата е одлична, а ако се спроведе и заедно со друштва како Пакомак, звучи дека е релативно лесно остварлива. Единствениот можен проблем што го гледам е времето што ќе биде потребно за едукација на граѓаните да почнат да сортираат, зашто ваквите навики не се стекнуваат толку лесно и брзо. Но, со добро осмислена кампања, се може да се постигне. Ви посакувам успех и победа на изборите!