Најави се за да гласаш
41
глас да

1
глас не
Проблем:

Дувалките за листови се хазардни за животната средина и нивната употреба треба да се забрани. Електрични или на гас, сеедно, штетни се поради повеќе причини.

Решение:

Загадуваат, Бучни се и ги погубуваат ларвите на бубачињата што се положени под листовите. Дувалките се армагедон за инсектите, а недостигот на инсекти го нарушува еколошкиот круг, секако. Видете долу линкови.

Резултат:

Поздрави дрвја и тревници, повеќе корисни бубачки, пајачиња наместо штетници (крлежи и комарци), помалку бука во раните утрински часови, помалку загадување во есенските месеци кога и онака е загадено.

Дополнителни линкови:


Општина
Град Скопје

Категорија
Животна средина


Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет

Коментари


0
Lazo Apostolovski 10/11/2021 10:37

Дувалките да се заменат со добрите стари метли кои се еколошки, евтини и на никого не пречат.

0
Iskra Dimitrova 03/06/2021 10:20

минатата недела во градски парк, како последица на директно дување на оваа машина во нас (немаше алтернатива во движење, се симнувавме од мостче) - добив ужасен напад на кашлање, пришто морав одма да одам на лекар. сеуште имам последици. оваа машина влијае ужасно на дишните органи, но и предизвикува претерана бука, точно во средина - парк каде треба да се најде чист воздух и мир!

3
Ivo Bosilkov 15/05/2021 22:32

Предлогот е воопшто да не се чистат листовите, да се чистат ама не со дувалки, или да се чистат со дувалки, ама не на тревни туку бетонски површини? Сепак решението не треба да отвори друг проблем.