Најави се за да гласаш
32
гласa да

0
гласa не
Проблем:

Во градот има огромен број на паркинг места кои се под надлежност на Град Скопје. Во исто време има голем број на барања за донации кон хуманитарни каузи за помош на наши граѓани.

Решение:

Дел од паркинг местата во надлежност на градот да се пренаменат како „хуманитарни паркинг места“. Со секое паркирање на тие места, парите од корисниците одат кон хуманитарни цели на Црвен Крст, Вистински дела на Љубезност и други организации што помагаат на ранливите категории. Ова решение е веќе поставено низ градови во светот, а најновото е во Бања Лука во БиХ.

Резултат:

Со ова ќе се „хуманизираат“ паркинг местата во градот, и ќе се направи уште еден лесен начин граѓаните да помагаат на оние што најмногу им е потребно, а градот ќе се покаже како хумана институција што одвојува дел од тие парични средства за хумани цели.

Дополнителни линкови:


Општина
Град Скопје

Категорија
Животна средина


Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет

Коментари