Најави се за да гласаш
Изгласан на МојГрад
на 09/07/2021
Поднесен до совет
на 12/07/2021
286
гласa да

1
глас не
Проблем:

Запуштен објект со огромен капацитет кој може да го ревитализира цело Скопје и да биде гордост на граѓаните.

Решение:

Да се реконструира местото и да се наплаќа влез со минимална цена за одржување. Лулашки, аква парк, базени, ресторани, спортски терени, бина за концерти, да се изнајмува простор за изложби, поетски читања, часови по јога итн. Има потенцијал да биде како Градски Парк, ако се среди инфраструктурата. Наместо цело Скопје да оди во Градски Парк за викенд, ова би било одлична алтернатива.

Резултат:

Скопје ќе има уште едно место за реакреација во природа, наместо само едното кое го имаме, а тоа е Градски Парк, на скоро 1 милион луѓе што живеат во главниот град.

Дополнителни линкови:


Општина
Град Скопје

Категорија
Животна средина


Коментари


1
Gordana Gorde 11/07/2021 19:55

Gradeno so SAMOPRIDONES od graganite na Skopje ,neka se sredi i neka im sluzi na tie sto go izgradile!

1
Zoran Nacevski 11/07/2021 12:51

Sramno i bedno e da mu se odzeme nesto na narodot. Na nasite roditeli im e odbivano od plata za da se izgradi. I sega na kriminalen nacin se prisvojuva i ke se zarabotuvas na smetka na narodot. Jadno, bedno i bezobrazno. Ima li normalni institucii da reagiraat ili samo koga doagaat izbori togas im e vazen narodot

0
Genciana Stevcevska 11/07/2021 12:13

Podrshka . Gradeno e sredeno e so parite na zitelite na Skopje.Nashite roditeli izdvojuvaa od plata. DA NE DOZVOLIME DS STAVAT RAKA NA NEGO

0
Darko Janevski 03/06/2021 06:31

Колку што знам веќе го приватизираа и ќе се градат некакви кич хотели и објекти таму...

5
Katarina Georgievska 12/05/2021 20:38

Rekreativnoto ezero Treska izgradeno so samopridonesot na graganite treba povtorno da se vrati na graganite.

6
Ivo Bosilkov 14/05/2021 19:29

Езерото е под управување на општина Сарај, а цело Скопје придонело да се изгради. Нема никаква логика. Треба да се врати под управување на градот, со оглед на тоа што општината воопшто не го одржува.