Од дожд до заштеда и одржливост!
Проблем:
Недостигот на вода е еден од носечките проблеми предизвикани од климатските промени. Иако богата со природни водени ресурси, Македонија сепак не може да остане имуна на се пожешките лета, објективно-гледано посушните години, зголемената индустриска и комерцијална потрошувачка на вода како и зголемената приватна потршувачка (пример: полнење на базени во летните периоди), сите својствени за 21от век. Проблем од овој тип, кој несомнено го привлече јавното внимание неодамна, е се полошата состојба на Преспанското Езеро како и на другите природни и вештачки езера во земјата. На оваа тема може дополнително да се информирате преку податоците на ЈП "Водовод и Канализација" и известувањата на Прирордно-математичкиот и Земјоделскиот факултет. (Погледнете го линкот долу.)
Решение:
Иако целосното решавање на овој проблем е подвиг од огромни размери, кој бара дологорочна и професионална посветеност/ангажман, сепак постојат неколку идејни решенија кои можат да се применат локално, но да дејствуваат на државно ниво. Едно изводливо и ефективно решение е складирање и понатамоѓна употреба на дождовата вода. Факт е дека во Скопје, а и останатите Македонски градови, дождовата вода најчесто завршува во јавниот канализациски систем. Наместо тоа, можат да се постават лесно-монтирачки базени (види слика) или колектори низ слободните површини во и надвор од градот или пак на покривите на зградите, кои ќе ја складираат дождовата вода, која подоцна може да се филтрира (соодвествено на нејзината понатамошна намена) и употреби за наводнување на зелени површини, како вода за пиење за луѓето и животните за време на летните горештини, за чистење на јавните површини итн.
Резултат:
Ваквите базени-колектори се суштинска одлика на модерните градови бидејќи: 1. Штедат вода со што претставуваат дополнителен ресурс за се поголемите потреби за вода. 2. Лесно и достапно можат да се имплементираат и одржуваат. 3. Претставуваат значаен стожер за одржлива иднина. Токму овие придобивки се победоносен аргумент за нивната имплементација и употреба, доколку сакаме иднина во која недостигот на вода нема да е реалност.
Дополнителни линкови:

Општина
Град Скопје
Категорија
Животна средина
Статус
Коментари
Одличен предлог, и дури нема потреба да се прават базени кои може да привлекуваат комарци и ѓубре, има можност олуците од зградите да се врзат со канистри на крај во кои ќе има и механички филтер и јаглен да отстранат нечистотии и мирис, а потоа да се врзат со системот за наводнување на градското зеленило во најмала рака. Треба да си видат, има иницијативи и во Јужна Америка, и во Орегон, како да се нагоди според климата / бројот на дождливи денови за најдобро искористување.
Предлогот е одличен, но колку чинат тие филтри? И колку вакви базени и колектори треба да се постават низ градот за да биде исплатливо, имајќи во предвид дека на долг рок дождливите денови ќе бидат помалку поради климатските промени?