Најави се за да гласаш
11
глас да

0
гласa не
Проблем:

Често во секојдневниот живот, граѓаните (индивидуалци, професионалци, аматери, студенти, ученици, родители и други) имаат недостаток од алатки (машини, уреди, технологија и слични ресурси) кои им се потребни за решавање на некоја нивна моментална потреба или проблем, а најчесто не можат самите да ги купат, да ги обезбедат или да имаат пристап до нив.

Решение:

Во градот постојат повеќе места, локации и институции кои ги поседуваат или управуваат со алатките (машини, уреди, технологија и слични ресурси) кои може да се лоцираат и дозволат за користење без или со мала надокната на различни групи на граѓани (под одредени услови), и на тој начин да се задоволи побарувачката и понудата за алати и ресурси кои постојат и се ставаат во поголема функција. Решение со онлајн мобилна апликација

Резултат:

Поврзување на институции и организации (кои имаат пимарно јавна и општествена функција) со поголеми и пошироки групи на граѓани како корисници на опрема и алатки за бесплатна употреба или за мала надокнада (под соодветни услови) преку онлајн мобилна апликација, со што се помага во решавање на секојдневни но едноставни потреби на граѓаните за адредена стандрадна опрема која тие лично не ја посветуваат. Со тоа се подобрува ефикасноста и искористеноста на опремата која веќе постои кај различни јавни субјекти низ градот, зголемена одржливот и заштеда на ресурси, како и зголемена техничка култура и јавна свесност за ракување и користење на алати преку што се намалува консумеризмот и се реупотребуваат ресурсите кои ги имаме.

Дополнителни линкови:


Општина
Град Скопје

Категорија
Животна средина


Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет

Коментари