Најави се за да гласаш
86
гласa да

0
гласa не
Проблем:

Насекаде низ Скопје (и низ државата) има исфрлен мебел, од кој добар дел содржи сосема здрави и реупотребливи материјали. Глетката е лоша, се загадува на несоодветен начин и таквиот отпад често долго време останува на тие локации. Исто така во многу случаи наоѓаме исфрлен мебел во природа (вклучително и национални паркови). Тоа покажува дека имаме сериозен проблем со исфрлање мебел и слични предмети, од дрво, платно, керамика, метал и пластика, кои се трупаат на депониите и во природата. Истовремено, има многу граѓани кои по групи на социјалните мрежи бараат основни парчиња мебел за својот дом, и честопати не може да се најде соодветна донација. Хуманата компонента на овој предлог е исто толку важна колку и еколошката.

Решение:

Обезбедување простор и услови за работилница за пренамена и реупотреба на мебел, како и складирање материјали. Тоа може да биде простор кој во моментов е напуштен и не се користи. Потребно е: 1. Простор со соодветни услови (простории, алати, одвоено складиште каде граѓаните можат да го носат својот мебел наместо да го исфрлаат) 2. Буџет за режиски трошоци и дополнителни материјали (на пример боја, брусна хартија...) 3. Вработени лица кои или самите би ги изработувале новите парчиња мебел - или би им помагале на граѓаните да научат како тоа се прави, за самите да го прават. Потребно е да има вакви лица, кои се искусни во изработката на мебел, поради безбедноста при работа на граѓаните кои би сакале да учествуваат во процесот.

Резултат:

Значително намалување на исфрлениот мебел на улица и во природа. Обезбедување на потребниот мебел за семејства кои живеат во лоши услови и без соодветен мебел. Едукациски елемент за граѓаните, поттикнување на нивната креативност, подигање на свеста за отпадот и за можностите кои постојат со само мала доза креативност. Во најмала рака, одлично, корисно, еколошко хоби, а ќе добиеме многу - граѓани обезбедени со мебел без трошок, почисти тротоари и зелени површини, почист град, креативна заедница!

Дополнителни линкови:


Општина
Град Скопје

Категорија
Животна средина


Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет

Коментари