Најави се за да гласаш
100
гласa да

0
гласa не
Проблем:

Во Скопје има објекти кои се во надлежност на Градот што уште се загреваат на нафтени деривати и се големи загадувачи на воздухот во зимските денови.

Решение:

Поставување на фотоволтаици на сите објекти кои се во надлежност на Град Скопје. Откако самите објекти ќе имаат зелено производство на електрична енергија, системот на загревање да се смени со грејни тела што ќе работат на струја.

Резултат:

Ќе има значително намалување на загадувањето на воздухот во Скопје во зимските денови од сите оние објекти кои се загревале со мазут, а преку цела година ќе има индиректно намалување на загадувањето бидејќи ќе се користат обновливи извори за производство на струја. За производството на електричната енергија во МК до 80% се користи јаглен и секој нов обновлив извор е голем чекор во борбата против загадувањето и глобалното затоплување.

Дополнителни линкови:


Општина
Град Скопје

Категорија
Животна средина


Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет

Коментари


0
Zahari Arsenkov 07/10/2021 09:15

Конечно - ако Македонија има некој неограничен и обновлив извор на енергија, тоа се сигурно 320-те (ако не и повеќе) сончеви денови. Општината може дури и да размисли не само да субвенционира сончеви панели за потребите на институциите или граѓаните, туку и да инвестира во фотонапонска електрана на општинско земјиште и произведената енергија да ја продава на пазарот на електрична енергија во земјата. Со тоа, не само што се генерираат приходи, туку и ќе се разбие монополот на сегашните снабдувачи