Нарушување на мирот на граѓаните од бучава
Проблем:
Заштита на мирот на граѓаните од бучава, односно регулирање на дејствијата и изворите кои ги предизвикуваат. Секојдневно сме изложени на бучава која е предизвикана од најразлични извори на бучава. Мирот е особено нарушен во летниот период кога ќе излезат на улица "моторџиите". Со полицискиот час кој беше на сила изминатава година, а и во моментов, делумно е регулирано или намалено ова "дивеење". Меѓутоа во летниот период што ни претстои со сигурност повторно ќе се зголеми нивното движење. Тука би ја споменал и бучавата од верските објекти која воопшто не е регулирана, а каде секојдневно по неколку пати се надминуваат дозволените граници за нивото на бучава во животна средина во населено место.
Решение:
Зголемени/постојани полициски контроли на местата каде што се забележува вакво нарушување на мирот (пр. бул.Партизански Одреди, бул.Илинденска, бул.Х.Т.Карпош,бул.Ѓорче Петров, ул.Методија Андонов - Ченто, ул.Радишанска итн.). Употреба на системот "сејф сити" или сличен софтвер. Мерење на нивото на бучава која ја предизвикуваат овие објекти/извори, санкционирање на истите и следење дали во иднина повторно се надминати граничните вредности. (горенаведените локации се наведени искуствено, односно на локации каде има најмногу поплаки од граѓаните за нарушување на мирот)
Резултат:
Зголемување на безбедноста во сообраќајот за сите учесници и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Дополнителни линкови:

Општина
Град Скопје
Категорија
Животна средина
Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет
Коментари
Zastita na gragjanite koi ziveat vo naselbi kade ima postojana guzva od soobrakjaj (kako na primeri kaj City Mall) i se izlozeni na bucava predizvikana od postojano svirenje na vozacite. Predlog: da se postavat soobrakjajni znaci za zabraneto svirenje vo naseleni mesta i da se vrsi kontrola i kaznuvanje od strana na soobrakjajna policija.
Заштита и од гласна музика на угостителски објекти посебно во лето.
Меѓу другото и „бучавата„ од верските објекти!