Најави се за да гласаш
53
гласa да

1
глас не
Проблем:

Да се намали бројот на возила а да се подобрат условите за возење велосипеди, со што ќе се намали загадувањето.

Решение:

Некои од постоечките улици/булевари да се пренаменат за велосипеди, или пак (понеповолна варијанта, бидејќи нема релација север-југ и подолга опција е) на кеј по целата должина да се уредат ленти за велосипеди во двата правци. На овој начин граѓаните ќе можат непречено да патуваат со велосипеди не само по тесните велосипедски патеки, туку ќе добијат булевар само за нив (идеално би било да е тоа Иво Лопа Рибар или Илинденска). Многу граѓани сега не користат велосипед поради тоа што нема низ целиот град добри патеки за велосипеди а некои улици се целосно непристапни за за велосипеди (Железничка, Водњанска на пр.).

Резултат:

Со тоа би се намалил и бројот на возила (бидејќи ќе има помалку достапни улици за автомобили) и повеќе граѓани ќе користат велосипед.

Дополнителни линкови:


Општина
Град Скопје

Категорија
Животна средина


Статус
Изгласан на МојГрад
Поднесен до совет
Прифатен од совет

Коментари